Меѓународен ден на инвалидите на трудот

Најефикасен лек во психофизичката траума на човекот е вработеноста. Денес се одбележува 03 ти декември меѓународниот ден на инвалидите на трудот. Овој ден го одбележаа и општинските здруженија на инвалиди од Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
zdruzenie invalidi
zdruzenie invalidi

Во Охрид одбележан меѓународниот ден на инвалидите на трудот. Претседателот на општинското здружение на инвалиди на трудот од Охрид, Благоја Крстаноски, вели дека како членки на Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Р.Македонија, се приклучуваат кон достојно одбележување на овој ден кој се слави низ цел свет, а кој ден е многу значаен. Крстаноски вели дека до ден денес капитални работи во однос на нивната категорија како инвалиди на трудот, не се решени и посочи од каде најповеќе потекнуваат проблемите. Нашите права и барања во многу сегменти тешко ги остваруваме, додава тој.
Крстаноски потенцира дека како здружение фигурираат од 1954 година и сеуште егзистираат со самофинансирање. Додава дека ентузијазмот на членовите на здружението на трудови инвалиди преовладува, пред препреките кои им се прават.
zdruzenie invalidiЧовекот што станал инвалид претрпел големи психофизички промени, па нивното интегрирање во општеството, независно од годините на животот претставува специфичен случај. Борбата против инвалидноста и нејзините последици е единствениот пат кој води кон интеграција на инвалидот. Поради тоа од Здружението на инвалиди на трудот велат дека мора да бидат едни од носителите на грижата на инвалидизираните работници, без оглед на аспектот поради кој дошло до инвалидност. Охридското здружение има околу 1600 членови а во негови рамки постои и актив на жени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top