Месната заедница Куратица со ултиматум до ЈП „Охридски комуналец“

Доколку не се намали висината на надоместокот за комунални услуги за овој дел од Охрид, од 1.1.2012 тие ќе се откажат од услугите на ова јавно претпријатие. Вака стои во соопштението на официјалната веб страна на Куратица. Директорот на Охридски комуналец, Сашо Алче вели дека тропаат на погрешна врата.

 |  Мишел Наумоски  | 
Kuratica
Kuratica

Месната заедница од Куратица му откажува послушност на Охридски комуналец. Доаѓа зимскиот период, па повторно на површина испливаа несогласувањата помеѓу Куратица и јавното претпријатие. Деновиве на официјалната веб страна на Куратица, се појави јавно соопштение во кое се бара од ЈП Охридски комуналец да ја поништи ставката за јавна чистота, за овој дел од Охрид.

Kuratica

Претседателот на месната заедница Куратица, Горан Ангелоски предупредува дека доколку до 26 овој месец Комуналец не се произнесе по ова барање, веќе од 1ви Јануари иднава година тие нема да ги користат услугите на јавното претпријатие. Во соопштението стои и официјалното барање за измена на тарифите за комунални услуги за Куратица.

Во барањето стои:
-Месечниот надомест за домаќинства со стално место на живеење во селото да изнесува 70 денари + 30 денари за јавна чистота или вкупно 100 денари по домаќинство,
-Годишниот паушал за викенд домовите или куќи во кои сопствениците доаѓаат повремено, да изнесува 400 денари по домаќинство.
Директорот на Охридски комуналец, Сашо Алче, вели тие тропаат на погрешна врата. Ова барање треба да го достават до Советот на општина Охрид.

„Повторно се работи за непознавање на законот од страната на тие што ја покренале оваа иницијатива. Она што можам да го кажам е дека никој не може да ги откаже услугите на ЈП „Охридски комуналец“ од причина што во тој дел законот е дециден. Доколку на територија на една општина е организирано претпријатие кое врши услуги од таква дејност дека никој друг не може да ги врши истите услуги. Ние како јавно претпријатие спремни сме да разговараме меѓутоа пак ќе кажам и ултиматумот и писмото се пратени на погрешна адреса.“-вели Сашо Алче-Директор на ЈП Охридски комуналец

Алче додава дека надоместокот за јавна чистота кој го плаќаат граѓаните е незначителен споредено со трошоците кои ги прави јавното претпријатие за одржување на истата. „Ние сме должни да ги вршиме услугите безразлика дали некој сака или не сака. Јас и на средбата со претставниците од месната заедница Куратица ги упатив да се обратат до Советот на општината.

Овој проблем не е непознат во јавноста бидејќи слични превирања имаше и минатата година. Дали ќе биде прифатено барањето на месната заедница од Куратица или пак жителите на ова село навистина ќе се откажат од услугите на Комуналец, веројатно ќе дознаеме идниот месец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top