Ознака: кои

sisitina

„Систина Офталмологија“, во хумана мисија за превенција на здравјето на очите

Post Views: 0 „Од сите права, најголемо е човековото право на вид“. „Систина Офталмологија“ ја породолжува својата хумана мисија за зачувување на здравјето на очите. Денес во просториите на О.О на „Црвениот крст“ за само неколку часа, беа направени околу 350 прегледи на очен притисок, и тоа не само кај пациенти кои страдаат од ова заболување, туку и кај лица кои сакаа да ја проверат здравствената состојба. Интересот на Охриѓани ги надмина сите очекувања. Систина Офталмологија како прв хируршки центар во земјава отворен пред 1,5 година, успеа за кратко време да  ја постигне целта и...

Continue reading

emo

Дали ќе дојде крај на маките за вработените во АД „ЕМО“?

Post Views: 0 Ново решение или нов проблем? Судбината на охридскиот гигант АД „ЕМО“ ќе се знае за десеттина дена. Вака најави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. После неколку неуспешни обиди да се спаси еден од најголемите загубари во државава, сега владата излегува со нов предлог. Планот за спас на АД „ЕМО“ пред управниот одбор на претпријатието денес беше презентиран од страна на вицепремиерот за економски прашања, Пешевски, и претставници од Министерството за финансии. „Планот е базиран на идејата онаму каде што ЕМО  е сеуште конкурентен на пазарот да продолжи...

Continue reading

Jordan Trajkov

Јордан Трајков на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Post Views: 22 Нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Јордан Трајков, сопственик на приватната винарија „Попова кула“, доаѓа на местото на Зоран Стрезовски, кој оваа функција ја извршуваше од формирањето на агенцијата. Во телефонски разгвор Трајков не информира дека неговото назначување на оваа функција доаѓа после истекот на мандатот на Стрзовски како директор, а истото е резултат на одлука на Владата на РМ. Инаку, деновиве, новоназначениот директор на ова тело оствари работен состанок со хотелиерите и сопствениците на агенции од охридско – струшкиот...

Continue reading

el. karticki

Пензионери, време е за електронски здравствени картички!

Post Views: 3 Пензионерите следни на листата на чекање за електронски здравствени картички. Се најавува рок од три месеци во кои картичките треба да стигнат до оваа категорија на граѓани. Аплицирањето за здравствените картички може да се направи или лично или преку матичниот лекар. Првоиздадената картичка ќе биде бесплатна за сите кои ќе аплицираат. И на пензионерите им дојде редот. По државната администрација и поголемите јавни претпријатија, сега пензинерите се следни за добивање на електронските здравствени картички. До крајот на 2012 година треба сите здравствени осигуреници...

Continue reading

elektronski otpad

Со бројни проекти се подига еколошката свест

Post Views: 6 Промовирање на сунеѓерот како ендемичен вид кој живее во Охридското езеро, планинскиот чај,  собирање на стара хартија, електорнски отпад, чистење на Охридското езеро од градежен шут, собирање на отпадно масло од домаќинставата  се дел од реализираните активности  на одделението  за заштита на животната  средина при Локалната самоуправа.  Во одобројување на деновите од оваа календарска година тие се задоволни од планираните и реализираните проекти. Со буџет од  3 милиони денари годинава успеаа да спроведат низа акции и да ги одбележат сите позначајни датуми поврзани...

Continue reading

parking

Повеќе или помалку успешна година за ЈП „Биљанини извори“

Post Views: 7 „Договорот со концесионерот веќе завршува во феруари месец 2012 година, кога ние треба да ги преземеме централните паркинзи, односно оние со кои сега стопанисува концесионерот, но мислам дека освен тие, ќе имаме и други паркинзи во градот, вели директорката. Годината која е пред нас, додава таа, ќе ја одбележат и неколку проекти со кои ќе се унапреди развојот на спортскиот туризам. Поради тоа, посебно внимание ќе се посвети на работата на базенот, потенцира Јованоска. „Сето тоа не доведе да размислуваме и за базенот повеќе. Оваа година како ЈП размилсуваме за годината...

Continue reading

Crn Drim

Ќе се потпише меморандум според кој ќе се испушта езерото преку Црн Дрим

Post Views: 1 Осцилациите на нивото на охридското езеро се поизразени. Тие се природна појава, но загрижува фактот што од година во година стануваат се подраматични. „Причина за тоа се климатските промени, но не смееме да го минимизираме ни човекот како фактор“, вели претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски. „ Она што е важно е тоа дека нивото на Охридксото езеро е зависно од управувањето со басенот со реката Црн Дрим. Поради тоа влеговме во нова фаза, нов процес викан Дримски Дијалог и нова процедура на работа со управувањето на реката...

Continue reading

asistivni uredi

Асистивни уреди за учениците со посебни потреби од ОУ „Братство Единство“

Post Views: 7 Тридневна обука и асистивни уреди како донација доби ОУ „Братство Единство“ од Охрид. Асистивните уреди се наменети за олеснување на работата и подобрување на образовниот процес за децата со посебни потреби. Овие уреди вклучуваат адаптирани џојстикови, тракбол уреди наместо обични глувчиња како и тастатури со големи копчиња. Уредите се наменети за деца кои имаат нарушени моторички функции, проблеми со интелектуална попреченост, патат од аутизам, дислексија, оштетувања на видот и говорот и други нарушувања. „Во нашето училиште се вклучени ученици со посебни образовни...

Continue reading

srednoskolci

Уште една учебна година ќе помине без екстерното оценување

Post Views: 6 Техничка неподготвеност и серија други недостатоци се причина за неговото неодржување. Но колку е реално оценувањето на учениците со или без екстерното? За да се постигнат максимално реални резултати, ќе се воведува унифициран кодекс на оценување. Најавувано неколку години со ред, екстерното оценување и оваа година сепак нема да се случи. Новиот министер за образование, Панче Кралев, како причина за неодржувањето на екстерното оценување, ја наведе техничката неподготвеност, но директорите на училиштата наведуваат уште серија други недоречености. Училиштата сложни околу...

Continue reading

unesco

Република Македонија стана член на највисокиот – Извршниот одбор на УНЕСКО

Post Views: 2 Република Македонија стана член на Извршниот одбор на УНЕСКО. Кандидатурата на Република Македонија беше позитивно изгласана со 142 гласа (од вкупно 195 држави – членки) на гласањето што се реализира на 2 ноември 2011 година во рамките на 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува од 25 октомври до 10 ноември во седиштето на организацијата во Париз. Мандатот на нашата земја во ова највисоко тело на УНЕСКО е четири години. Македонија за прв пат добива место во извршниот одбор на УНЕСКО, откако е членка на оваа организација. „ Местото во...

Continue reading

carsija

67 години слободен Охрид

Post Views: 26 Охрид и охриѓани го прославуваат денот на ослободувањето на Охрид, ден од историјата на македонскиот народ кој ни донесе слобода од фашистичкиот окупатор и отвори нова страница во развојот на нашиот град. „Заеднички го славиме овој голем ден и им оддаваме почит на учесниците во Народно – ослободителната и антифашистичка војна во Македонија, особено на оние кои ги положија своите животи за ние да живееме во слободна, самостојна и независна држава. Како генерација ние сме одговорни да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста и да...

Continue reading

kurban bajram

Верниците од муслиманската веросиповед го слават Курбан Бајрам

Post Views: 5 Со тридневната прослава, почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Со овој празник се крунисува и аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба. Муслиманските верници деновиве го слават Курбан Бајрам. Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, сеосновните принципи на Исламот. На Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник, без разлика на која вера е припадник, вели Кујтин Хусејни советник...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top