„Систина Офталмологија“, во хумана мисија за превенција на здравјето на очите

Акцијата за бесплатно мерење на очниот притисок во Охрид, предизвика огромен интерес. Само за два часа беа извршени повеќе од триста прегледи.

 |  Крсте Голабовски  | 
sisitina
sistina

pregled„Од сите права, најголемо е човековото право на вид“. „Систина Офталмологија“ ја породолжува својата хумана мисија за зачувување на здравјето на очите. Денес во просториите на О.О на „Црвениот крст“ за само неколку часа, беа направени околу 350 прегледи на очен притисок, и тоа не само кај пациенти кои страдаат од ова заболување, туку и кај лица кои сакаа да ја проверат здравствената состојба. Интересот на Охриѓани ги надмина сите очекувања.

Систина Офталмологија како прв хируршки центар во земјава отворен пред 1,5 година, успеа за кратко време да  ја постигне целта и да ја оправда довербата на граѓаните“, вели Весна Чадо, менаџер во оваа клиника. Така, сето она што досега како потреби, како проблеми, граѓаните беа приморани да го решаваат надвор, односно третманите од типот на катаракт со модерната „Фако“ метода, витректомијата, аблацијата, и сите оние заболувања на очите, за се патуваше во соседните земји од регионот и се плаќаа навистина многу високи цени за операциите, сега сите тие хируршки зафати граѓаните  можат да ги направат во „Систина офталмологија“ клиниката во Скопје, додава Чадо.

Cado„Јас се изненадив од големиот интерес. Луѓето доаѓаат овде и што имаат проблеми, но и оние кои не знаат дека имаат проблеми, што значи дека почнуваат да се грижат за своето здравје. Некои наши статистики кои ги имаме зборуваат дека во Македонија боледуваат околу 30.000 граѓани. Но, самото доаѓање на граѓаните на Охрид овде, дава можност плус да се запознаат, да размислат повеќе и да добијат повеќе информации од она што сега во моментот во Македонија се случува во офталмологијата“ вели Чадо.

Од неодамна, оваа клиника соработува со Фондот за здравство на РМ, па така, отсега, пациентите можат да да прават интервенциите на катаракт, витректомија и аблација на мрежницата со сини картони. Чадо, информира дека продолжува нивната кампања за едукација на населението, каде со помош на стручниот тим на Систина Офталмологија, во состав Д-р Златко Арнаудовски, Д-р Виолета Бучкоска Николоска  и д-р Билјана Костоска, ќе продолжат во мисијата за подигање на свеста на граѓаните за потребата од превенција во борбата со овие заболувања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top