67 години слободен Охрид

Охрид и охриѓани го прославуваат денот на ослободувањето на Охрид, ден од историјата на македонскиот народ кој ни донесе слобода од фашистичкиот окупатор и отвори нова страница во развојот на нашиот град.

 |  Татјана Маленкова  | 
carsija
carsija

svecena sednicaОхрид и охриѓани го прославуваат денот на ослободувањето на Охрид, ден од историјата на македонскиот народ кој ни донесе слобода од фашистичкиот окупатор и отвори нова страница во развојот на нашиот град.
„Заеднички го славиме овој голем ден и им оддаваме почит на учесниците во Народно – ослободителната и антифашистичка војна во Македонија, особено на оние кои ги положија своите животи за ние да живееме во слободна, самостојна и независна држава. Како генерација ние сме одговорни да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста и да ја развиваме сопствената држава. Тоа треба да го прават сите граѓани, а посебно ние кои вршиме важни општествени и политички функции. Ве уверувам дека јас како градоначалник и локалната самоуправа сме одговорна власт и макотрпно работиме да придонесеме и да оставиме белег во современито развој на Охрид“, истакна градоначалникот Александар Петрески во својот говор на свечената седница по повод ослободувањето на Охрид.
svecena sednicaПо повод 67 годишнината од ослободувањето на Охрид, локалната самоуправа реализираше низа активности. Во употреба беше пуштено детското игралиште во клонот „Росица“, кој е дел од градинката Јасна Ристевска, како и неколку улици.
„Сите населби во Охрид се еднакво важни за мене затоа што целиот Охрид треба да изгледа убаво, затоа што во минатото многу малку се посветуваше внимание за паериферните делови во Охрид, поради што сега вложуваме токму тука“, истакна градоначалникот.
„ Јас постојано сум на терен додека се реализират овие проекти, сега во моментов работиме на улицата од Васил Стефоски према дрварата. Позитивно е многу прифатено тоа што го работиме од граѓаните. Нивните зборови се дека добро е што некој мисли и на нив“, додаде Петрески.
Aleksandar PetreskiГрадоначалникот ги образложи плановите на локалната самоуправа за докомплетирање на месноста Грашница. Тој истакна дека на спортски центар ќе се гради на местото на игралиштето „Грашница“ , потоа изградба на пристаниште или мала марина планирана исто така з аовој дел.  Како најважен проект за овој потег ја го потенцираше проектот за изградаба на пашачка патека, која треба да го поврзи Даљан преку плажата Ехо, па Канео и преку Потпеш да се поврзи со Охрид. Градоначалникот покрај плановите на локалната самоуправа за Грашница, напомена и неколку кои се приоритетни за Охрид за следната година.
„ Наш периоритет е прво да влеземе во втора фаза на децентрализација, а за тоа да го направиме треба да штедиме пари. Од една страна е тоа, а од друга барањата на граѓаните. Приоритети за следната година се изградба на градски пазар современ, изградба на автобуска станица, изградба на дом за пензионери, неколку спратни гаражи, трговски центар. Проектите се готови за тоа и убеден сум дека со влегување во втора фаза на децентрализација ќе можеме да ги користиме и европските пари овие проекти“, рече градоначникот.
По повод одбележувањето на 67 – годишнината од ослободувањето на Охрид, градоначалникот Александар Петрески ги пушти во употреба реконструираните улици “Јабланица“, „Стив Наумов“, „Пере Тошев“, „Васил Стефоски“.
Во големата сала на општина Охрид се одржа свечена седница на која присуствуваа градоначалниците на Охрид и Дебарца, Александар Петрески и Љупчо Којчиноски, советници, борци и подржувачи на делото на борците од НОВ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top