Јордан Трајков на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Јордан Трајков, сопственик на приватната винарија „Попова кула“, доаѓа на местото на Зоран Стрезовски, кој оваа функција ја извршуваше од формирањето на агенцијата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jordan Trajkov
Jordan Trajkov

Jordan TrajkovНов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Јордан Трајков, сопственик на приватната винарија „Попова кула“, доаѓа на местото на Зоран Стрезовски, кој оваа функција ја извршуваше од формирањето на агенцијата. Во телефонски разгвор Трајков не информира дека неговото назначување на оваа функција доаѓа после истекот на мандатот на Стрзовски како директор, а истото е резултат на одлука на Владата на РМ. Инаку, деновиве, новоназначениот директор на ова тело оствари работен состанок со хотелиерите и сопствениците на агенции од охридско – струшкиот регион, на кој ги слушна мислењата, идеите и проблемите со кои се среќаваат туристичките работници од регионов.Трајков додаде дека Агенцијата и понатаму ќе работи според Акциониот план за развој на туризмот, а моментално интензивно се работи на плановите за промоција на македонската туристичка понуда во странство. Тој потенцира дека во тек се анализите за тоа на кои меѓународни саеми организирано ќе биде претставена нашата туристичка понуда. Сеуште нема официјални информации за формирањето на Национална Туристичка Организација со седиште во Скопје, а во чии рамки ќе функционираат регионални канцеларии во неколку градови низ државава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top