Асистивни уреди за учениците со посебни потреби од ОУ „Братство Единство“

Основното училиште „Братство Единство“ доби исклучително значајна донација. Се работи за десет сета на асистивни уреди. Со примената на овие уреди во голема мера ќе се олесни образовниот процес за учениците со посебни потреби. Донацијата е дел од проектот „Еднаков пристап, еднакви можности“ финансирана од УСАИД.

 |  Мишел Наумоски  | 
asistivni uredi
asistivni uredi

asistivni urediТридневна обука и асистивни уреди како донација доби ОУ „Братство Единство“ од Охрид. Асистивните уреди се наменети за олеснување на работата и подобрување на образовниот процес за децата со посебни потреби. Овие уреди вклучуваат адаптирани џојстикови, тракбол уреди наместо обични глувчиња како и тастатури со големи копчиња. Уредите се наменети за деца кои имаат нарушени моторички функции, проблеми со интелектуална попреченост, патат од аутизам, дислексија, оштетувања на видот и говорот и други нарушувања. „Во нашето училиште се вклучени ученици со посебни образовни потреби уште од 2001 година со процесот на инклузија и во текот на сите овие години се трудиме сите ние и наставниот кадар стручно да се обучи и да се усоврши за работа со овие ученици. Токму поради тоа оваа донација ни е добредојдена, се со цел за подобра работа со овие ученици, за подобар нивни напредок, а со тоа и професионално усовршување на наставниците за работа со овие лица со посебни потреби.“-рече Наташа Илоска-Дефектолог-ОУ „Братство Единство“
Имено основното училиште „Братство Единство“ е едно од дваесетте училишта кои влегоа во програмата „Еднаков пристап, еднакви можности“. Оваа програма, невладината организација „Отворете ги прозорците“ ја реализира во соработка со УСАИД кои се финансиски подржувачи на целата програма.
asistivni uredi„Како училиште освен тридневна обука, ќе добијат и десет сета на асистивни уреди кои всушност ќе ја унапредат и ќе ја подржат работата на компјутер со дечињата со посебни образовни потреби. Оваа обука произлезе како последица на потребата за подржување на процесите на модернизација во нашето образование, од една страна процесот на инклузија кој во ова училиште веќе долго време успешно се реализира и од друга страна како подршка на програмата „Компјутер за секое дете“ кој веќе од нашето искуство покажа дека стандардниот компјутер не секогаш е компјутер кој може да го користи секое дете беспрекорно.“-вели Радмила Стојковска-Алексова-Дефектолог-НВО „Отворете ги прозорците“.

Оваа програма е воедно и првиот проект кој е реализиран под диригентската палка на новиот в.д директор на „Братство Единство“, Муамер Доко. Тој е исклучително задоволен од добиената донација.-додава директорот Доко.

„Тргнувајќи од мотото на училиштето, „Училиште каде секој ученик според своите можности и способности ќе го пронајде вистинскиот пат кон успехот, настојуваме да им овозможиме индивидуален развој на учениците. Ја поткрепуваме секоја иницијатива за стручно усовршување на нашите наставници, а со цел за поквалитетна настава и збогатување на нагледните средства за учениците со акцент на учениците со посебни потреби. Во прилог на ова и оваа тридневна обука на наставниците како и донираната асистативна технологија за работа со овие ученици со посебни потреби.“

Имено овој проект е прв од ваков вид на територијата на Република Македонија. За жал, еден од заклучоците на истражувањето спроведено како дел од проектот, е дека асистивната технологија речиси воопшто не се користи во редовното основно образование. Но светлата точка е дека огромно мнозинство од училиштата во земјава се уверени дека учениците со посебни образовни потреби можат да имаат придобивки од користењето на компјутер во наставата. Имено ОУ „Братство Единство“ во своите редовни паралелки има околу триесетина ученици со посебни потреби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top