Пензионери, време е за електронски здравствени картички!

Пензионерите следни на листата на чекање за електронски здравствени картички. Се најавува рок од три месеци во кои картичките треба да стигнат до оваа категорија на граѓани. Аплицирањето за здравствените картички може да се направи или лично или преку матичниот лекар. Првоиздадената картичка ќе биде бесплатна за сите кои ќе аплицираат.

 |  Мишел Наумоски  | 
el. karticki
el karticki

Пензионерите следни на листата на чекање за електронски здравствени картички. Се најавува рок од три месеци во кои картичките треба да стигнат до оваа категорија на граѓани. Аплицирањето за здравствените картички може да се направи или лично или преку матичниот лекар. Првоиздадената картичка ќе биде бесплатна за сите кои ќе аплицираат.

И на пензионерите им дојде редот. По државната администрација и поголемите јавни претпријатија, сега пензинерите се следни за добивање на електронските здравствени картички. До крајот на 2012 година треба сите здравствени осигуреници да бидат обезбедени со здравствените картички. За почеток, картичката ќе биде само замена за сините картони, зашто на неа, освен лични податоци, ќе има само уште податоци дали е платен или не здравствениот придонес. Но за да ја добијат оваа картичка, пензионерите најпрво ќе треба да ги пополнат формуларите и да аплицираат за истата.

„Формуларите ги има на интернет, во нашата подрачна единица, и сите матични лекари имаат доволен број на формулари за сите пензионери. Значи формуларите не бараат никаде формулари, не пополнуваат, не доаѓаат во подрачната, си одат кај матичниот лекар и со помош на матичниот лекар или сестрата го пополнуваат. Тоа е еден обичен формулар, дел или повеќе е отпечатен или пополнат, само треба да се стави име, презиме и матичен број на пензионерот и доколку има член, сопруга или дете во продолжение и неговите податоци.“-рече Славе Крстаноски-Раководител на подрачна единица на ФЗОМ
el. karticki
Овие формулари се бесплатни, па Крстаноски апелира доколку некој им побара пари на апликантите, тоа веднаш да го пријават во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување, во УЈП или Трудова инспекција. Здравствена картичка, според евиденцијата на Фондот, треба да им се издаде за 360.000 пензионери и на членовите на нивните семејства. Но колкава е оправданоста за издавање на вакви електронски картички посебно за пензионерите како специфична старосна група?

„Не би требало да имаат проблеми. Медицинскиот дел секако тие не можат ниту да го читаат, ниту да го толкуваат. Сите потребни податоци ќе бидат во електронската картичка, дури во догледно време и рецептите и упатите, се ќе биде тука. Платениот придонес не е никаков проблем, тој секако е платен. Така да било каде да одат, на матичен, во аптека, на болница, со едноставно читање целата историја и сите податоци, дури и рецепти што му се дадени, упати, преглед, се ќе биде тука регистрирано. Не ќе мора да ги носат, да ги губат книшките како во случајов сега.“-вели Крстаноски.
Крстаноски додава дека самите пациенти или во случајов пензионерите многу малку ќе ги користат овие картички така да проблемот околу нивната употреба скоро и да не постои. Во најголемиот дел од времето, картичките ќе ги раководат медицинските лица, кои наскоро ќе добијат и обука за тоа како да се служат со оваа технологија. Иако се најавува дека пензионерите своите картички ќе ги добијат во рок од три месеци, останува непознато од кога ќе можат и да ги користат истите.  Досега се издадени околу 50 илјади електронски здравствени картички на ниво на Република Македонија, додека во Охрид регистрирани се околу 13 000 пензионери, од кои 1000 веќе ги поднеле своите формулари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top