Верниците од муслиманската веросиповед го слават Курбан Бајрам

Со тридневната прослава, почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Со овој празник се крунисува и аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

 |  Крсте Голабовски  | 
kurban bajram
kurban bajram

Со тридневната прослава, почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Со овој празник се крунисува и аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Муслиманските верници деновиве го слават Курбан Бајрам. Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, сеосновните принципи на Исламот. На Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник, без разлика на која вера е припадник, вели Кујтин Хусејни советник во Општина Охрид. А покрај курбанот, Охридската баклава е неизоставен детал за овој празник.

„Гости ни идат, одиме. Ееве на пример се оди кај постарите, денес е денот кога ние одиме таму и тоа се тие работи кои се почитуваат на празникот, кој немаат муабет се помируваат“ вели советникот Хусејни.

baklavaОбичаите опфаќаат одење во џамија на утринска молитва – Бајрам намаз, посета на претходно починатите на гробишта, собирање на целата фамилија и роднините. По правилата на шеријатот – исламските правила, секој муслиман кој е материјално способен жртвува домашно животно за Курбан Бајрам за Господ. Курбанот не е задолжителен, а неговото неизвршување не е грев.
„Дома како секој празник, чекаме гости одиме на гости, без нашата охридска баклава не може, одиме и доаѓаат после тие на честитање“ потенцира советникот Рахман.

kurbanКурбан или Хаџи Бајрам е најголемиот верски исламски празник, кој, по своето значење и важност, може да се спореди со Божиќ во христијанските земји. Сепак, неговата содржина и начинот на славење, значајно се разликуваат.Тој се паѓа 70 дена по рамазан, т.е. на 10-ти од последниот исламски месец и го бележи крајот на хаџ – годишниот аџилак во Мека. НА овој ден муслиманите кои се предани на божјата волја, жртвуваат курбан за да ја исполнат заповедта. Најчесто тоа е овца, но може да биде и купено месо. Курбанот или жртвувањето е присутно низ сите светски култури и цивилизации. Самата симболика на давање курбан за Бајрам се темели на жртвување и благонаклоност и посветеност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top