Република Македонија стана член на највисокиот – Извршниот одбор на УНЕСКО

Република Македонија стана член на Извршниот одбор на УНЕСКО. Кандидатурата на Република Македонија беше позитивно изгласана со 142 гласа (од вкупно 195 држави – членки) на гласањето што се реализира на 2 ноември 2011 година во рамките на 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува од 25 октомври до 10 ноември во седиштето на организацијата во Париз. Мандатот на нашата земја во ова највисоко тело на УНЕСКО е четири години. Македонија за прв пат добива место во извршниот одбор на УНЕСКО, откако е членка на оваа организација.

 |  Татјана Маленкова  | 
unesco
unesco

Република Македонија стана член на Извршниот одбор на УНЕСКО. Кандидатурата на Република Македонија беше позитивно изгласана со 142 гласа (од вкупно 195 држави – членки) на гласањето што се реализира на 2 ноември 2011 година во рамките на 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува од 25 октомври до 10 ноември во седиштето на организацијата во Париз. Мандатот на нашата земја во ова највисоко тело на УНЕСКО е четири години. Македонија за прв пат добива место во извршниот одбор на УНЕСКО, откако е членка на оваа организација.

„ Местото во извршниот одбор, не е само привилегија, туку е и место каде треба да се сработи многу и тоа треба да се смогнат капацитети и човечки ресурси кои ќе работат во тој извршен одбор каде всушност се одлучува за буџетот и за поедини проекети од аспект на културното и природно наследство и во учество на државите во поедини програми на Унеско. Ова е добра прилика за прв пат Р македонија со многу посилна културна и еколошка дипломатија и со многу поголеми ресурси и човечки и од друг карактер да навлезе во УНЕСКО и да може да завземе место кое во моментов го има поради Охрид, но и да промовира и други вредности на Р македонија од овој домен“, вели член на Македонската делегација во УНЕСКО, Дејан Паноски.

Dejan PanoskiВо текот на одржувањето на главните пленарни седници, лидерскиот форум и состаноците на програмските комисии во рамките на Генералната конференција, македонската делегација  потенцираше дека нашата земја како членка на Извршниот совет доследно ќе се залага за натамошно развивање на УНЕСКО, засилување на нејзината меѓународна улога, унапредување на традиционалната соработка со сите држави-членки, ефикасност во работата и стимулирање на интелектуалниот и материјалниот потенцијал со кој располага во решавањето на глобалните проблеми со кои се соочува човештвото, а се во доменот на УНЕСКО.
„Треба да сме посебно горди, затоа што значењето да се биде членка на извршниот одбор на една организација како што е УНЕСКО е големо“, додава членот на Македонската делегација во УНЕСКО, Паноски.

„ Големо е затоа што се учествува во креирањето на политиката на Унеско, се учествува во креирање на буџетот на Унеско, учествува во доделувањето на средства од одредени проскти кои земјите, поточно апликантите аплицираат до Унеско, што дава добри можности за прв пат на Р македонија, како членка на тој извршен одбор да има влизние врз сите овие процеси. Ако сме доволно умни, ако вложиме доволно во човечките ресурси и во целата политика кон Унеско, тогаш ќе можиме многу повеќе да искоритиме не само од финсиски план туку и од политички, туристички и од планот на заштитата на природното и културното богатство што го имаме“, вели Паноски.

Прашањето дали се точни чаршиските муабети дека постои опаснот Охрид и Македонија  да бидат избришани од листата на УНЕСКО, Паноски ги демантира. Тој вели дека „Охрид не е во црната листа за бришење од УНЕСКО. Далеку е од тоа, но сериозно е нападнат пред се од урбанистичките денешни политики, од урбанистичка деградација и во одредени моменти од загрозување на природното наследтво како и загрозувањето на живиот свет кој живее во Охридското езеро“. Според Паноски треба Македонија треба да го искористи овој момент на четири годишно учество во извршниот одбор, за работите колку што е можно да се санираат за во иднина прашањето со бришење од листите да не биде тема“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top