Со бројни проекти се подига еколошката свест

Промовирање на сунеѓерот како ендемичен вид кој живее во Охридското езеро, планинскиот чај,  собирање на стара хартија, електорнски отпад, чистење на Охридското езеро од градежен шут, собирање на отпадно масло од домаќинставата  се дел од реализираните активности  на одделението  за заштита на животната  средина при Локалната самоуправа.

 |  Валентина Нелоска  | 
elektronski otpad
elektronski otpad

sungeriПромовирање на сунеѓерот како ендемичен вид кој живее во Охридското езеро, планинскиот чај,  собирање на стара хартија, електорнски отпад, чистење на Охридското езеро од градежен шут, собирање на отпадно масло од домаќинставата  се дел од реализираните активности  на одделението  за заштита на животната  средина при Локалната самоуправа.  Во одобројување на деновите од оваа календарска година тие се задоволни од планираните и реализираните проекти. Со буџет од  3 милиони денари годинава успеаа да спроведат низа акции и да ги одбележат сите позначајни датуми поврзани со животната средина.За идната година очекуваат повеќе средства за активности кои  понатака ќе ги реализираат или за нови кои ќе започнат да ги спроведуваат, вели Хавза Реџеп Каќељ од ова одделение. Локалната самоуправа спроведува проекти и преку други одделенија,а на самопреку нашето напоменува  Реџеп Каќељ.
elektronski otpadМеѓу низата активности со кои може да биде задоволно ова одделение е реализирањето на акцијата за собирање  на електронскиот отпад. Животната средина е се повеќе загрозена  од овој вид на отпад, па се чека донесување на Законските прописи со кои за скоро време ќе се регулира оваа сфера.
Во текот на 2011 година од одделението за заштита на животната средина спровеле околу 20 проекти. Некои од нив браат подолг период на изготвување или се во фаза на  изготвување. Реџеп Каќељ како една од позначајните ја истакнува  Интегративната Студија за Студенчишко блато  која ќе се реализра во 2012 година. Со неа  се предвидуваат спроведување на неколку проекти како што се ископување на канали кои ќе се поврзуваат со езерото и поставување на пизеометри. Понатака како позначен проект го потенцира довршувањето на приодниот пат кон Сулфатарата во Косел. Значаен проект е и собирањето на    
отпадното масло од домаќинствата, како следен чекор по проектот  кој се спроведува веќе 2 години, а  со кој се собрани околу 15 тони отпадно масло од охридските хотели и ресторани. Се подготвува и вториот локален еколошки план кој е во завршна фаза од страна на изготвувачот, а граѓаните и еколошките  друштва наскоро ќе можат да се произнесат за овој стратешки документ, напоменува Хавза Реџеп Каќељ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top