Уште една учебна година ќе помине без екстерното оценување

Техничка неподготвеност и серија други недостатоци се причина за неговото неодржување. Но колку е реално оценувањето на учениците со или без екстерното? За да се постигнат максимално реални резултати, ќе се воведува унифициран кодекс на оценување.

 |  Мишел Наумоски  | 
srednoskolci
srednoskolci

Техничка неподготвеност и серија други недостатоци се причина за неговото неодржување. Но колку е реално оценувањето на учениците со или без екстерното? За да се постигнат максимално реални резултати, ќе се воведува унифициран кодекс на оценување. Најавувано неколку години со ред, екстерното оценување и оваа година сепак нема да се случи. Новиот министер за образование, Панче Кралев, како причина за неодржувањето на екстерното оценување, ја наведе техничката неподготвеност, но директорите на училиштата наведуваат уште серија други недоречености. Училиштата сложни околу потребата за екстерно оценување, меѓутоа сложни и околу потребата за откажување на истото. Директорот на Охридската гимназија, Наум Рилкоски напомна дека би било добро доколку се направи едно пробно тестирање и врз основа на тоа да се донесе одлуката дали да има или да нема екстерен тест.

„Уште на самиот почеток и на тие два семинари кои што ги посетувавме ние знаевме дека оваа година ќе биде, за матурантите веќе подготвивме распоред за последната недела од Декември, учениците ете така да кажам не беа загрижени меѓутоа добар дел беа насочени на таа работа, за сега наеднаш пак да испадне дека се одложува. Мислам дека не е во ред да се држат во неизвесност учениците и да не е ден за ден, да се направи една добра стратегија. Ова дека не е добро решение еве покажа и самото тоа што го откажаа.“-Наум Рилкоски-Директор на ОСУ „Св.Климент Охридски“-Охрид

Рилкоски дополни уште неколку проблеми со кои би се соочиле училиштата при спроведувањето на ова тестирање. Еден од проблемите е и кога и како да се одработат деновите кои ќе бидат предвидени за спроведување на тестирањето, како и недореченоста околу критериумот за оценување на професорите. Оттука се наметнува и прашањето колку е реално оценувањето на учениците, но и колку екстерното тестирање би придонело кон веродостојноста на оцените запишани во дневникот.

srednoskolci„Токму од оваа година, баш пре едно две недели имаше три семинари во однос на тоа да се донесе унифициран кодекс на оценување на ниво на цела држава, не беше избегнато ниедно училиште. Тоа е еден долг процес кој мислам дека до полугодие ќе биде завршен и ако сите заеднички, секој актив во своето училиште ќе си допринесе за сето тоа, ќе си каже свое мислење и веќе од наредната година тој унифициран кодекс на оценување ќе бидеме приморани да се придржуваме кон него бидејќи заеднички ќе го донесеме и ќе биде ставен во годишната програма на училиштето и мислам дека она што го начнавте вие ете можеби како проблем во одредени училишта, мислам дека со ова тоа веќе ќе биде решено.“-рече Рилкоски.
И додека се разговара за веродостојни оценки, голем број професори оценувањето го сведуваат само на писмениот одговор на ученикот, додека способноста за комуникација и усно одговарање е вештина во изумирање кај самите ученици. Околу оваа тема, Рилкоски вели дека многу е важен контекстот на самиот предмет бидејќи некои предмети даваат поголем простор за усно испитување, но некои помал. Рилкоски додава дека токму унифицираниот кодекс на оценување ќе е многу корисен бидејќи ќе ги вкомпонира сите видови на оценување, и писменото и усното и практичното, со цел да се добие што пореална оценка за знаењата на ученикот. Тој најави дека овој унифициран кодекс би требало да биде усвоен најдоцна до наредната година, секако со амин од сите училишта од земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top