Ознака: општина

sednica

Нема тајни во одлуките на охридските советници

Post Views: 1 Советот на општина Охрид досега ниту гласал тајно за одредена точка на дневен ред, ниту пак има потреба од тоа, тврди претседателот на Советот Душко Јаковчески. Ова произлегува од Предлог одлука за усвојување на извештајот за толкување на член 33 од Статутот на општина Охрид, предложен од страна на советничката група на НСДП, која точка на дневен ред се најде на денешната седница на советот. Јаковчески вели, јасен е членот 33 од статутот на општина Охрид според кој Советот може да донесе одлука земајќи го во предвид бројот на присутни советници, за одредена точка да...

Continue reading

Opshtina

Државниот ревизор си го кажа своето

Post Views: 16 Ревизорскиот извештај за Охрид, не доби позитивно мислење. Деновиве Државниот завод за ревизија го објави извештајот на државниот ревизор за финансиските извештаи и буџетот на општина Охрид за 2010 год. Негативното мислење на државниот ревизор е во однос на неусогласеноста на финансиските трансакции со законската регулатива. Во извештајот стои дека општината за надминување на финансиската нестабилност во која се наоѓа, не ги следела препораките за преземање мерки согласно законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Портпаролот Симон Илиевски во кратки...

Continue reading

mos

Владата подава рака кон општините

Post Views: 8 Има голем број на позитивни примери за меѓуопштинска соработка, но посебно се истакнува примерот на заедничкиот настап на источниот и североисточниот плански регион. Тие формираат меѓуопштинско претпријатие за управување со цврст отпад со кое ќе аплицираат за европски фондови во висина од околу 80 милиони евра.„УНДП во соработка со Министерството за локална самоуправа веќе има спроведено една активност, да направи едно досие ако може така да се рече на добри практики токму заради тоа што сметаме дека е многу важно да се инспирираат општините да учат од своите колеги....

Continue reading

ohrid opshtina

Премиерот и градоначалникот конечно се сретнаа

Post Views: 4 Долгоочекуваната средба Груевски Петрески конечно се оствари. Тема на средбата било влегувањето на Охрид во втора фаза на децентрализација, како и реализација на кредитно задолжување на општина Охрид.   „Па јас на премиерот му образложив со кои проблеми се соочуваме дека имаме сериозни проблеми во финансиското осамостојување дека од тие причини сме принудени да работиме на граница на законитост, дека тоа не е добо за општината и дека тоа не е добро за граѓаните на општина Охрид. Гледате со какви пробелеми во владава се соочуваат и во европските држави кои можат и да...

Continue reading

plaoshnik

Општина Охрид остана со празни раце

Post Views: 1 Отпочнаа земјените работи на комплексот Плаошник. Ингеренциите за издавање на одобрение за градба одземени и се на општина Охрид и дадени му се на Министерството за транспорт и врски, вели градоначалникот Петрески. Тоа е направено со одлука на Владата со изговор дека тоа е земјиште од национален интерес. Петрески вели дека ваквиот потег на Владата е само уште една потврда дека на граѓаните на Охрид им се прави класично економско ембарго.„Ако е така зошто воопшто бараа пресметка на комуналии, зошто воопшто разговараа. И друго во тоа решение стоеше дека имаме право на...

Continue reading

lipi

Супер радио во акција – Стави потпис – спаси дрво

Post Views: 8 Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид  поставен e пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани и за неа жолчно се дебатира. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот. – Она што е основното барање на оваа граѓанска иницијатива, односно пред...

Continue reading

Petreski

Брат за брат-сирењето со пари!

Post Views: 7 Бурна расправа и остри реторики предизвика втората точка на дневниот ред на четириесеттата седница на Советот на општина Охрид. Станува збор за точка која беше вметната во дневниот ред на предлог на градоначалникот Петрески, а се однесуваше на јавната набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид.Партиски препукувања и заострени коментари ја одбележаа четириесеттата седница на советот на општина Охрид, а спротиставените ставови на советничките групи ги извлече втората точка на дневниот ред. Оваа точка не беше во првичната верзија...

Continue reading

isis

Египќаните ќе добијат споменик на божицата Изида во Охрид

Post Views: 1 Божицата Изида го пронајде своето место во Охрид. Конечно беше задоволено барањето на припадниците на заедницата на Египќаните за поставување на нејзин споменик. Ваквата предлог одлука наиде на подршка во Советот на општина Охрид. „Охрид прераснува во еден политички, духовен и културен центар на Египќаните не само на Балканот туку и низ целиот свет“-вели Демир Далип, претседател на сојузот на Египќани.Далип ја изрази својата благодарност во името на заедницата на Египќаните до Советот на општина Охрид поради добиената подршка за предлог одлуката за изградба на спомен...

Continue reading

opshtina Ohrid

Општина Охрид повторно без кредит

Post Views: 1 Охрид пак ќе почека за влез во втора фаза на децентрализација. Иако на 38-та седница, советниците едногласни во изгласувањето на Предлог одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, сепак деновиве општината и писмено била информирана дека се одбива нејзиното барање за кредитно задолжување во комерцијалните банки. Градоначалникот разочаран од оваа одлука, бидејќи од нивна страна се исполнети сите услови за добивање на кредитот. „Една година не играат и ни кажуваат донесете една па друга одлука. Донесете сега вие одлука, па одлуката застарела, донесете друга одлука,...

Continue reading

vmro-dpmne

ВМРО – ДПМНЕ: Градоначалникот на Охрид успева да го наметне својот брат за претседател на комисија за јавни набавки

Post Views: 4 ВМРО-ДПМНЕ е крајно згрозена од начинот на кој СДСМ раководи на оние места каде што е власт. Безумието, ароганцијата и недомаќинлукот е врвна одредница на повеќето функционери од СДСМ, а врв на таквиот стил на работа претставува работењето на охридскиот градоначалник Александар Петрески, изјави денеска Харалампие Шокаровски, пратеник во Собранието. “Во текот на вчерашниот ден, искористувајќи ги формите и постапките во работењето во општина Охрид, градоначалникот Александар Петрески успева да го наметне сопствениот, роден брат Здравко Петрески за предлог за претседател...

Continue reading

press

Охрид врие од инспектори

Post Views: 0 Охрид под лупа на инспекциски контроли. При вчерашната контрола на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Р. Македонија се одземени 300 пара наочари, 2 компјутери, фрчеа високи глоби, а има и приведено лице. Претседателот на ова координативно тело Мите Костов, вели дека контролите кои досега ги спровеле, вродиле со одредени резултати во борбата против корупцијата криминалот и другите девијации во системот. Конкретно во вчерашната акција на мета биле нотарите, кабелските оператори и подвижните тезги.Повреда на авторските права забележана...

Continue reading

tribina

Дојдоа, видоа и си заминаа – некои проблеми останаа

Post Views: 8 Претставниците на етничките заедници, во општина Охрид, Египќаните, Власите, Ромите, Србите, Турците се пожалија на низа проблеми со кои се судираат при тековниот попис. Немаат членови во пописните комисии, некои од попишувачите биле преставени како припадници на други етнички заедници. Во општина Охрид нема нити една заедница со над 20 посто па нема формирано Комисија за односи меѓу заедниците тоа е оставено на добрата волја на градоначалникот и на Локалната самоуправа. Побарано е формирање на вакво тело но досега нема одговор. Од етничките заедници се интресираа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top