• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО – ДПМНЕ: Градоначалникот на Охрид успева да го наметне својот брат за претседател на комисија за јавни набавки

ВМРО – ДПМНЕ: Градоначалникот на Охрид успева да го наметне својот брат за претседател на комисија за јавни набавки

ВМРО-ДПМНЕ е крајно згрозена од начинот на кој СДСМ раководи на оние места каде што е власт. Безумието, ароганцијата и недомаќинлукот е врвна одредница на повеќето функционери од СДСМ, а врв на таквиот стил на работа претставува работењето на охридскиот градоначалник Александар Петрески, изјави денеска Харалампие Шокаровски, пратеник во Собранието.

 |   | 
vmro-dpmne
vmro-dpmne

ShokaroskiВМРО-ДПМНЕ е крајно згрозена од начинот на кој СДСМ раководи на оние места каде што е власт. Безумието, ароганцијата и недомаќинлукот е врвна одредница на повеќето функционери од СДСМ, а врв на таквиот стил на работа претставува работењето на охридскиот градоначалник Александар Петрески, изјави денеска Харалампие Шокаровски, пратеник во Собранието.

“Во текот на вчерашниот ден, искористувајќи ги формите и постапките во работењето во општина Охрид, градоначалникот Александар Петрески успева да го наметне сопствениот, роден брат Здравко Петрески за предлог за претседател на комисија, која треба да спроведе постапка за јавна набавка во висина од повеќе десетици милиони денари. Замислете, братот на Александар Петрески ќе спроведува јавни набавки за општина Охрид. Градоначалникот на Охрид, јавните набавки во кои има општ и јавен интерес и средства му ги доверува на родениот брат. Од ова поголем срам нема. Од ова поголем доказ за немањето на искрени намери за раководење со општина Охрид нема. Александар Петрески со секој своја следна постапка само докажува дека општината ја користи како логистика и финансиски кредитор за себе и за својата тајфа“, вели Шокаровски.

Тој вели дека додека илјадници граѓани чекаат единствено вработување, за фамилијата Петрески е оставен избор за тоа каде сакаат и кога сакаат да се вработуваат на работни места во општина Охрид.

“Во овој случај, станува збор за формирање на комисија за спроведување на јавна набавка за јавно осветлување, односно распишување на тендер за избор на фирма најповолен понудувач за склопување на јавно-приватно партнерство за јавното осветлување во вредност од 150 милиони денари. Во овој случај, колкава вина носи градоначалникот Петрески, толкава вина носи и СДСМ. Поголема и појасна дозвола за спроведување на вакви сомнителни постапки нема и неможе да има. СДСМ стои зад ваквата намера за злоупотреба“, истакна Шокаровски.

Тој ги повика членовите на СДСМ, да отидат во Охрид и “да се позанимаваат со начинот на работа на нивниот градоначалник“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top