Брат за брат-сирењето со пари!

Бурна расправа и остри реторики предизвика втората точка на дневниот ред на четириесеттата седница на Советот на општина Охрид. Станува збор за точка која беше вметната во дневниот ред на предлог на градоначалникот Петрески, а се однесуваше на јавната набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
Petreski
Petreski

Бурна расправа и остри реторики предизвика втората точка на дневниот ред на четириесеттата седница на Советот на општина Охрид. Станува збор за точка која беше вметната во дневниот ред на предлог на градоначалникот Петрески, а се однесуваше на јавната набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид.
Партиски препукувања и заострени коментари ја одбележаа четириесеттата седница на советот на општина Охрид, а спротиставените ставови на советничките групи ги извлече втората точка на дневниот ред. Оваа точка не беше во првичната верзија на дневниот ред, но таму се најде на предлог на градоначалникот Петрески. Истата се однесува на јавна набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид. Со спроведувањето на оваа јавна набавка, градоначалникот Петрески вели дека општина Охрид ќе успее да заштеди и до 70 проценти од средствата за јавно осветлување. Сепак главните препукувања беа околу предлог членовите на комисијата за набавки од кои еден беше и братот на градоначалникот Петрески.

„Го поставиле мојот роден брат затоа што тој како дипломиран електроинженер повеќе од 20 години е најискусен во тој дел и не знам дали има во општинава уште еден или двајца, мислам и дека нема дипломирани електроинженер друг, затоа што другиот што беше, замина во пензија. И од таа причина, администрацијата или претседателот на централната комисија го предложил брат ми. Значи јас тоа не го знаев, јас тоа кога го дознав, веднаш кажав поради сите тие работи да го смениме. Меѓутоа единствено тоа можеше да се смени сега, на советно наместо тоа да го дискутираме денеска на совет.“-рече градоначалникот Петрески.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека со обелоденувањето на оваа предлог одлука, успеале да спречат класичен непотизам и да ја спасат репутацијата на Охрид.
Panoski„Очигледно денеска видовме при дискусијата признание дека градоначалникот не бил ни запознаен со тоа дека негов близок роднина е ставен како предлог за претседател на комисијата што е еден фрапантен факт, посебно ако се земе во предвид дека претставниците на СДСМ во Комисијата гласаа ЗА. Значи тука веќе имаме класичен судир, внатрешен кој што нас како партија не не интересира, меѓутоа може да има рефлексија врз Охрид како град и на крајот на краиштата добро е што одлуката воопшто не се изгласа затоа што сметавме дека не може да помине на ваков начин како што беше предложена.“-вели координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски.
Сепак предлог одлуката поднесена од градоначалникот не беше прифатена и од советниците на мнозинството, односно СДСМ и коалиционите партнери.

Tuntev„Претходно имавме донесено одлука дека оној дел од предлог одлуката значи за спроведување на постапка за избор итн. во областа на јавното осветлување дека е позитивна, дека одлуката треба да биде што побрзо донесена, за да се започне веќе со постапката на објавување на меѓународен тендер, на избор на изведувач итн. Меѓутоа не сакавме да земеме учество во една усилена, и преудицирана одлука која што имавме за жал да ја слушнеме на партиски конференции.“-изјави Томислав Тунтев, координатор на советничката група на СДСМ.
„Одлуката на советничката група на СДСМ да не ја предложи прелог одлуката на градоначалникот Петрески е донесена бидејќи СДСМ не носи одлуки на партиски прес конференции, туку своите ставови, своето мислење и проблемите наша интенција е да ги решаваме овде во Советот на општина Охрид.“-рече координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top