Премиерот и градоначалникот конечно се сретнаа

Долгоочекуваната средба Груевски Петрески конечно се оствари. Тема на средбата било влегувањето на Охрид во втора фаза на децентрализација, како и реализација на кредитно задолжување на општина Охрид. 

 |  Татјана Маленкова  | 
ohrid opshtina
ohrid opshtina

PetreskiДолгоочекуваната средба Груевски Петрески конечно се оствари. Тема на средбата било влегувањето на Охрид во втора фаза на децентрализација, како и реализација на кредитно задолжување на општина Охрид.  

„Па јас на премиерот му образложив со кои проблеми се соочуваме дека имаме сериозни проблеми во финансиското осамостојување дека од тие причини сме принудени да работиме на граница на законитост, дека тоа не е добо за општината и дека тоа не е добро за граѓаните на општина Охрид. Гледате со какви пробелеми во владава се соочуваат и во европските држави кои можат и да земаат кредити и да учествуваат во разни проекти и сега видите колкава е тежината на Охрид кои во овие кризни времиња неможе да земи кредит“, истакна градоначалникот Петрески.

Петрески додава дека многу проблеми локалната би решила доколку добие амин од владата, поточно министрвото за финасии за кредитно задолжување.
„Владата зема кредит секој месец, а ние неможеме. Замислете каква е сега состојбата на Охрид што неможе да земе кредит“, додава градоначалникот.

Ohrid carshija„Му кажав дека Охрид, е во Македонија и охриѓани се дел од Македонија и дека ако неможе да помогне владата берем да не одмага. Имавме доста конструктивен, коректен разговор и мислам дека ми беа уважени моте барања и мислам дека од 1 јануари ќе ни биде овозможено ако неможе владата да ни даде позајмица, барем да земиме кредит да влезиме во втора фаза и ако можеме со европските фондови нешто да направиме за Охрид“, додава градоначлникот.  

Дека работите ќе подмрднат од мртва точка, потврди и министрот за локална самоуправа Невзат Бејта при неговата последна посета на Стуга. Тој беше категоричен дека од 1 јануари Охрид конечно влегува во втора фаза на децентрализација.

Останува да се надеваме дека неодамна одржаната средба помеѓу премиерот и градоначалникот ќе биде показател за затоплување на односите помеѓу локалната самоуправа од Охрид и центалната власт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top