Владата подава рака кон општините

Со заеднички проекти до побрз развој на општините. Од министерството за локална самоуправа велат: Суштинска е добрата волја за соработка помеѓу локалните самоуправи и Владата. Доколку заеднички настапат, општините ќе добијат полесен пристап до Европските фондови-вели државниот секретар при Министерството за локална самоуправа.

 |  Мишел Наумоски  | 
mos
mos

Има голем број на позитивни примери за меѓуопштинска соработка, но посебно се истакнува примерот на заедничкиот настап на источниот и североисточниот плански регион. Тие формираат меѓуопштинско претпријатие за управување со цврст отпад со кое ќе аплицираат за европски фондови во висина од околу 80 милиони евра.
„УНДП во соработка со Министерството за локална самоуправа веќе има спроведено една активност, да направи едно досие ако може така да се рече на добри практики токму заради тоа што сметаме дека е многу важно да се инспирираат општините да учат од своите колеги. Друго е кога јас или колегата од Министерството за локална самоуправа тоа го зборуваме меѓутоа од сопствените примери најдобро се учи.“-вели раководителот на секторот за добро владеење при УНДП. Од министерството за локална самоуправа велат дека суштинска е добрата волја за соработка помеѓу локалните самоуправи и Владата, а како пример беше посочена неодамнешната најава дека Охрид конечно ќе влезе во втората фаза од децентрализацијата. Очигледни се заладените односи помеѓу општина Охрид и главниот град, кој веројатно е најдобриот финансиски партнер за било која општина. Стефаноски вели: „Локалната во Охрид треба да покаже поголема заинтересираност за владините проекти посебно оние кои се однесуваат на нашиот град.“

„Мислам дека колку сакате кредити да земете, ако недомаќински работите и ако недомаќински ги трошите парите уште повеќе ќе западнете во една финансиска непогода. Согледувајќи ги тие работи, Владата на Република Македонија има мандат да одлучи дали на некоја општина ќе и овозможи да користи некој кредит или нема да и дозволи да користи кредит. За жал општина Охрид е една од општините кои што лошо управуваат со своите финансиски средства. Јас би сакал како Охриѓанец тоа да се подобри во иднина за да го видиме Охрид поразвиен, поубав и со поголеми инвестиции од Владата на Република Македонија меѓутоа и странски инвестиции.“-вели Стефаноски.
Стефаноски додава дека во моментов има неколку владини проекти кои што во Охрид не се спроведуваат токму поради неразбирањето од локалната за значењето на овие проекти. Тој потенцираше дека оваа средба се одржува во Охрид бидејќи токму југозападниот плански регион ќе биде во центарот на вниманието во идните владини проекти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top