Ознака: општина

agencija za vrabotuvanje

Во Охрид намален бројот на лица кои бараат работа

Post Views: 1 Во охридскиот центар за вработување заклучно со  месец јуни се евидентирани 9.800  невработени лица. Ваков пад под 10.000 невработени е забележан после долго време, вели првиот човек на Центарот  Јован Баткоски.  Интенција на Агенцијата за вработување е во иднина да се има приближно реалната бројка на лица кои вистински бараат работа, а не и на оние кои формално се дел од списокот за вработување. Но, иако се прават обиди да се има вистинската слика за неварботените тоа во моментов е невозможно нагласува Баткоски. „ Податоците  кој вистински бара работа е тешко да се...

Continue reading

zemjishte

Локалната допрва ќе бара да управува со градежното земјиште

Post Views: 4 Охридската  јавност, деновиве е изненадена  од информациите дека до Министерството за транспорт и врски само неколку општини од земјава побарале да  менџираат со градежното земјиште од 1 јули. Општина Охрид не се споменува меѓу нив. Зошто доцнат со барањето за овој процес одговор побаравме од  портпаролот на Локалната самоуправа, Симон Илиески.  Прашавме на што се должи ваквата ситуација и дали станува збор за затајување на службите. Илиески ги отфрла  ваквите сомнежи. „Нема затаено никој. Претходно бевме подготвени, клучно беше за Локалната самоуправа најпрво да се...

Continue reading

Petreski so matematicari

Охриѓани главни за математика

Post Views: 1 Охриѓани како создадени за математика. Доказ за тоа се нашите осмоодделенци Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски од ОУ Христо Узунов и Григор Прличев кои се вратија со блескави медали од математичката олимпијада во Кипар. Вистински куриозитет е тоа што Теодора и Виктор за да ги освојат овие медали единствено се подготвувале со своите наставници или пак си решавале по дома. Замислете го успехот што би го постигнале доколку со нив би работел цел еден тим кој ќе им помага во нивното учење. Тие денес се сретнаа со градоначалникот Петрески и ги пренесоа своите импресии...

Continue reading

zemjishte

Неизграденото градежно земјиште отиде во рацете на општините

Post Views: 11 Денес е 1-ви Јули, датумот од кој и официјално општините го добиваат во сопственост неизграденото градежно земјиште. Според законските норми за една општина да го добие во свој посед ова земјиште, најпрво мора да исполни неколку важни услови. Општина Охрид е една од општините кои во целост ги исполнила бараните услови и веќе од денес е сопственик на земјиштето. Уште пред да биде предадена сопственоста на земјиштето во општински раце, општинарите веќе нашле намена на неколку локации, а интензивно работат и на програмата која го опфаќа неизграденото градежно земјиште. „Се...

Continue reading

raskaz konkurs

Општина Охрид го распиша конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Post Views: 8 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, Општина Охрид и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ. Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 25 јули, жири-комисијата одлуката ќе ја соопшти на 8 август, а наградата на добитникот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ што се одржува во Велгошти. Според пропозициите, право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Македонија, а расказите за конкурсот треба да се достават најдоцна до 25 овој месец. Резултатите од конкурсот жири-комисијата...

Continue reading

Proakva

Новото претпријатие за вода, ќе почека

Post Views: 9 Тргај не кини. Охрид и Струга пијат вода од една чешма, но од одделени водоводни системи. На тоа реши да стави крај градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој првично проба да ги подели водоводите на Охрид и Струга, со одлука на двата совети. Кога тоа не му тргна од рака, поради лошите односи со централната власт, во врска кредитното задолжување на МЈП „Проаква“, Петрески, направи друг чекор, формирање на ново ЈП „Водовод Охрид“ за кој изнајде соодветна законска рамка. Петрески категоричен, „ние во Охрид сметаме дека заедничкото работење на двата водоводи е на...

Continue reading

Proakva

Општина Охрид со уште едно ново ЈП

Post Views: 19 Се е подготвено за формирање на новото ЈП „Водовод Охрид“, Охрид. Како 14 точка на дневен ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид, е закажана предлог-одлуката за основање на новото ЈП за собирање, обработка и снабдување со вода. Со ова се реализира најавата на градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој пред нецели два месеци за ТВМ  образложи зошто се налага потребата од формирање на ново ЈП. Покрај тоа, Петрески уште тогаш го спомна и името на  директорот на новото ЈП. „Точно е тоа, дека од порано сме договорени кога ќе се формира ЈП „Водовод Охрид“,...

Continue reading

ftu

Факултет или хотел?

Post Views: 0 Вонредна седница на деканатската управа на ФТУ. Измените на деталниот урбанистички план на градот Охрид, ги крена на нозе универзитетските професори, во одбрана на својата институција. Во очи на 40 годишниот јубилеј од постоењето на факултетот жално е да се зборува за разградување и уништување на една институција која е заштитен знак на градот, изјави деканот на факултетот Сашо Коруноски. Тој додава, дека ова произлегува од сознанијата оти Советот на општина Охрид во среда на 29 ти јуни на дневен ред на седницата коако точка го има нацрт на деталниот урбанистички план...

Continue reading

cveke

„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 0 Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности. И годинава ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Даме Груев“ од пресекот со „Туристичка“ до „Питу Гули“, „Јане Сандански“ од пресекот со „Туристичка“ (Маркет Макси Д) до „Сирма Војвода“ (кружен тек кај болницата),...

Continue reading

izbori

Во општина Охрид излезност од 37%

Post Views: 3 Утрово во 7 часот беа отворени сите 72 избирачки места во општина Охрид. Гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера. Според податоците на општинската изборна комисија до 13 часот вкупно гласале 20155 глсачи или 37,02 % од евидентираните избирачи на единствениот избирачки список. Претеседателката на Општинска Изборна Комисија Ангелина Недеска изјави дека до овој момент не се евидентирани нарушувања на изборниот процес. Во единствениот избирачки список евидентирани се вкупно 54437 граѓани со право на глас. Во споредба со предходните избори има промена на некои...

Continue reading

Gradski park

Ќе скокаме легално или нелегално?

Post Views: 6 Легален или нелегален статусот на детските реквизити за банџи скокови, кои пред помалку од еден месец никнаа во градскиот парк? Неодамна, првиот човек на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, Танас Танасоски, кажа дека сопственикот на ова парче урбана опрема, поседува валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување. Станува збор за договоро за закуп на простор, кој во 2007-та година лицето Трајанчо Митрески го има склучено со Општина Охрид, договор кој истекува во 2012 година. Танасоски појасни дека ваквите договори се издаваат со амин...

Continue reading

bilbordi

Закупците на охридските билборди познати, но што ќе се рекламира?

Post Views: 12 Општина Охрид пред извесно време објави јавен оглас за издавање на микролокации за истакнување реклами. Станува збор за вкупно 104 микролокации од кои 75 (седумдесет и пет) се рекламни панели, додека 29 (дваесет и девет) се светлечки рекламни паноа. Критериум за избор на најповолна понуда била највисоката понудена цена за закуп по микролокација. Изготвен беше и графичкиот приказ на микролокациите кои што беа предмет на јавниот оглас. Понудите што пристигнале во Општината биле јавно отворени на 25 Март, по што биле избрани најповолните закупувачи. Тие ќе располагаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top