Ознака: општина

logo

Градоначалникот да даде отчет- со каков имот располага општината

Post Views: 2 Градоначалникот Петрески да даде отчет пред граѓаните-  со колкав имот располага општината, побара советникот од ВМРО- ДПМНЕ, Ванчо Огненов. Неколку пати до сега иницирав да се изврши и попис на средствата, но до советниците таква информација не се достави, изјави Огненов на средбата со новинарите. „ Никој не дозна со каков имот располага оваа наша единица на локална самоуправа“. „Крајно време е првиот човек на општината да даде веродостоен извештај за своето работење во текот на четири годишниот мандат. Да ги обелодени своите волшебни способности за ослободуување од...

Continue reading

logo

Општина Охрид ќе вработува комунални редари

Post Views: 1 Локалната самоуправа  има потреба од вработување на комунални редари. Тие ќе придонесат успешно да се  спроведува Законот за јавна чистота и  ќе  биде на  повисоко ниво  комуналната хигиена во градот. Но, за да се вработат и  ангажираат редарите потребна е претходна  согласност. Портпаролот  Никола Манески  објаснува дека градоначлникот веќе покренал иницијатива пред Агенцијаат за државни службеници да даде согласност  за исполнување на таа потреба кој е и законска обврска на општината. Локалната самоуправа  има подршка од ЗЕЛС,  а согласноста треба да ја аминува  Агенцијата...

Continue reading

logo

Денес се одржа 61- та седница на советот на општина Охрид

Post Views: 9 На денешната 61- ва по ред седница на советот на општината, од страна на советниците беше усвоен буџетот за 2009. Советниците позитивно се изјаснаа и за предлогот на градоначалникот Петрески, за 50% да се намалат давачките на граѓаните кон општината. Меѓу нив: стапката на данок на имот, како и стапката на данокот на наследство и подарок. На самиот почеток на седницата беа повлечени од дневен ред предлог- одлуките за донесување на Деталниот урбанистички план за 1 Урбана заедница и предлог- одлуката за утврдување на ДУП за 6 урбана заедница. Објаснувањето на градоначалникот...

Continue reading

opstina Ohrid

Преамбициозни планови или реално зацртани цели

Post Views: 1 Охридската Локална самоуправа деновиве ќе го обелодени предлог буџетот за 2009. Дел од јавноста смета дека повторно станува збор за преамбициозни  планови. Во понеделник советниците ќе расправаат по предлог буџетот за 2009 година чија висина е над 8 милиони евра. Најголемиот дел од средствата и годинава е предвидено да бидат потрошени за инфраструктура и туристичка промоција на градот. Дел од јавноста коментира дека и годинешниот предлог буџет содржи преамбициозни бројки. Ова со оглед на фактот дека во последните две години процентот на искористеност на буџетските средства...

Continue reading

logo

Од милионскиот долг кон Гранит на општина Охрид и остана да подмири уште 160.000 евра

Post Views: 0 Ова го изјави градоначалникот Петрески на вчера одржана јавна трибина за нацрт- фискалната стратегија и развојни програми на општината. 160.000 евра е преостанатиот долг на општина Охрид кон кон ГП Гранит, изјави градоначалникот Петрески.  Наскоро планираме да ја платиме оваа сума, па со тоа во целост ќе биде подмирен долгот кон Гранит, кој пред 4 години изнесуваше 7, 5 милиони евра.  Градоначалникот е оптимист дека уште на почетокот на идната година, општината ќе ги исплати и сите преостанати наследени долгови. Со тоа, смета Петрески, општината ќе може да ги реализира...

Continue reading

priznanie

Општина Охрид доби награда

Post Views: 4 Општина Охрид доби награда за Проектот за Најдобри практики. Овој проект беше спроведен од страна на Зелс и Советот на Европа. Проектот Најдобри практики имаше за цел да им помогне на општините во јакнење на капацитетите на администрацијата со цел да се оствари побргу заложбата за создавање ефикасна и одговорна општинска администрација. Градоначалникот на Охрид истакна дека оваа награда е посебно значајна за него и за општината. Тој додаде дека оваа значајна награда и се доделува на општинската администрација за нејзиниот придонес за зголемување на квалитетот на услугите...

Continue reading

DUP

Советот на Општина Охрид експресно ги носи деталните урбанистички планови

Post Views: 15 Советот на Општина Охрид експресно ги носи деталните урбанистички планови. Само во текот на оваа година  изгласани се дури 42. Бранко Арнаудов, началникот на секторот за урбанизам вели дека тоа е за доброто на граѓаните и за развојот на градот. Од охридската Вмро пак тврдат дека урбанистичките решенија кои во последно време се носат се само на штета на градот и оние кои живеат тука. Тие потенцираат дека во блиска иднина ќе се видат негативностите од истите. Само на последната седница на советот се донесоа Нацрт детални урбанистички планови за пет Урбани заедници. Меѓу...

Continue reading

DUP

Се одржа 58-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 8 Донесувањето на ДУП за дел од месноста „Бејбунар“ ги раскара охридските советници. И покрај решението од страна на Министерството за транспорт и врски дека Предлог планот за оваа урбана заедница е огласен за ништовен во целост, советниците ја изгласаа оваа точка од дневниот ред. Предлог одлуката за донесување ДУП за урбана заедница 8, урбан блок 8.3 ги разбранува страстите на охридските советници. Ванчо Огненов од ВМРО ДПМНЕ побара оваа точка да се тргне од дневен ред со образложение дека до Министерството за транспорт и врски од страна на Министерството за култура-...

Continue reading

opstina Ohrid

Утре ќе се одржи 58 седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 2 На дневен ред на 58 седница на Советот на Општина Охрид има повеќе точки од урбанизмот. Меѓу другите се најде и точката за утврдување Нацрт ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“. Советот на општината на својата седница закажана за утре, меѓу другото ќе расправа по Предлог-одлуката за утврдување Нацрт-ДУП за Урбана Заедница 2, дел од урбан блок 2.2, општина Охрид 2008-2013. Станува збор за утврдување Нацрт – ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“ која веќе 6-7 години е во сопственост на ГП “Гранит“....

Continue reading

opstina Ohrid

Стопирана изградбата на сервисниот центар во локалната самоуправа

Post Views: 13 Стопирана изградбата на сервисниот центар во локалната самоуправа. Со судско решение се забрануваат понатамошни градежни зафати.  До ваквата одлука дојде откога ПЕ на Министерството за правда пред речиси еден месец поднесе тужба против локалната за вознемирување на сопственост. За градоначалникот на Охрид ова е политичка одлука. „Со ова просторно  проширување од  63 метри квадратни најмногу добиваат граѓаните, вели Петрески. Тука тие  ќе можат да добиваат информации за работењето на локалната самоуправа, па не знам зошто тоа некому му пречи“, додава градоначалникот....

Continue reading

Образованието приоритет за Општина Охрид

Post Views: 1 Образованието и понатаму приоритет за Општина Охрид. Градоначалникот Александар Петрески вели дека и во оваа учебна година како и во изминатите локалната најмногу ќе инвестира во основните и средните училишта во градов. Новата учебна година започнува без некои поголеми проблеми. Петрески потенцира дека за време на летниот распуст во поголемиот број училишта биле исвршени повеќе зафати за подобрување на условите за работа. Во училиштето Св. ,,Климент Охридски,, ставен е нов покрив над спортската сала, а заменет е и дотраениот паркет, стар триесет години. ОУ „Братство...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top