Општина Охрид повторно без кредит

Општината деновиве и писмено била информирана дека се одбива нејзиното барање за кредитно задолжување во комерцијалните банки.

 |  Крсте Голабоски  | 
opshtina Ohrid
opshtina Ohrid

opshtina OhridОхрид пак ќе почека за влез во втора фаза на децентрализација. Иако на 38-та седница, советниците едногласни во изгласувањето на Предлог одлуката за долгорочно задолжување на Општина Охрид, сепак деновиве општината и писмено била информирана дека се одбива нејзиното барање за кредитно задолжување во комерцијалните банки. Градоначалникот разочаран од оваа одлука, бидејќи од нивна страна се исполнети сите услови за добивање на кредитот.

„Една година не играат и ни кажуваат донесете една па друга одлука. Донесете сега вие одлука, па одлуката застарела, донесете друга одлука, па донесовме друга одлука на совет едногласно, сите 23 советници ја изгласаа. Се направивме, ги променивме одлуките во Советот и едногласно донесовме заклучок за кредитно задолжување, го намаливме и износот на кредидот од 6 на 4 милиони евра како што ни беше укажано и отатко направивме се што побараа ни стигна писмо дека сме одбиени, никакво објаснување не ни дадоа.“ вели Петрески.

Инаку, кредитот требаше да се искористи за сервисирање на старите долгови, кои се единствената пречка за влез на локалната самоуправа од Охрид во втора фаза од децентрализација. Ваквата одлука според градоначалникот Петрески е доказ дека Охрид е под класично економско ембарго. Не сме во сосотјба да подигнеме наменски кредит за покривање долгови кои тие ги имаат направено.
Дејан Паноски, Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на 38-та седница која се одржа во месец август кажа дека од нивната советничка група ќе ја поддржат предлог одлуката, зошто пред и се нивна интенција е Охрид да оди напред.

„Сакаме Охрид да го видиме во втора фаза на децентрализација, поради тоа упатувам еден повик и до Локалната самоуправа и до централната властр, што побрзо да заврши оваа процедура да се интервенира со ова задолжување во исплатат на долговите, онака како што е планирано за да може Охрид конечно да зачекори напред“, кажа Паноски.

Паноски додаде дека од оваа советничка група не се најсреќни што Охрид нема да добие кредит. Неодмна општина Охрид ја посети министерот за Локална самоуправа Невзат Бејта, кој истакна дека приоритет на Владата е на општините кои имаат проблеми, како Охрид, да им се помогне да влезат во втора фаза од децентрализација. Сепак Охрид, и натаму останува во прва фаза од децентрализација заедно со Делчево, Виница, Желино, Вранешница и Пласница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top