Државниот ревизор си го кажа своето

Објавен ревизорскиот извештај за општина Охрид. Забелешките на државниот ревизор за финансиските извештаи и буџетот на општина Охрид за 2010 се многубројни.

 |  Билјана Николоска  | 
Opshtina
Opshtina

Ревизорскиот извештај за Охрид, не доби позитивно мислење. Деновиве Државниот завод за ревизија го објави извештајот на државниот ревизор за финансиските извештаи и буџетот на општина Охрид за 2010 год. Негативното мислење на државниот ревизор е во однос на неусогласеноста на финансиските трансакции со законската регулатива. Во извештајот стои дека општината за надминување на финансиската нестабилност во која се наоѓа, не ги следела препораките за преземање мерки согласно законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Портпаролот Симон Илиевски во кратки црти го изнесе ставот на Локалната во врска извештајот.
IlievskiДржавниот ревизор во извештајот како причина за помал прилив на приходи во општината, го наведува и неостварениот приход од надоместокот за одржување на јавната хигиена. Средствата од наплата за надоместок за одржување на јавната хигиена, која дејност ја врши Охридски комуналец, претпријатието е должно да ги префрла на сметка на општината, а во 2010 не е евидентирано остварување на ваков приход ниту пак општината располага со податоци за средства прибрани од ЈП, стои во извештајот. Забелешка има и во делот на давачката за одржување на градското зеленило.
При извршената ревизија општината најмногу е засегната од забелешката во врска блокираната жиро сметка, вели Илиевски.
Конечниот ревизорски извештај за општина Охрид има многу забелешки и незанемарлива неусогласеност на остварените со планираните буџетски приходи, а во билансот на состојба не биле искажани побарувања по основ на данок на имот, комунална такса за истакнување на фирма, закуп и користење на простор пред деловни простории, како и од закуп за паркинг простор. Од Локалната се надеваат дека Владата ќе си го исполни ветувањето, поточно министерството за финансии ќе го одобри комерцијалното задолжување во висина од 4 милиони евра, како кредит за враќање на старите долгови, за да може општината конечно да зачекори во стабилна финансиска буџетска политика.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top