Охрид врие од инспектори

Глоби за двајца нотари и за два кабелски оператори. Вчера во Охрид беше извршена контрола од страна на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Р.Македонија, при што кај одредени субјекти пронајдени се неправилности при работата.

 |  Билјана Николоска  | 
press
press

pressОхрид под лупа на инспекциски контроли. При вчерашната контрола на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Р. Македонија се одземени 300 пара наочари, 2 компјутери, фрчеа високи глоби, а има и приведено лице. Претседателот на ова координативно тело Мите Костов, вели дека контролите кои досега ги спровеле, вродиле со одредени резултати во борбата против корупцијата криминалот и другите девијации во системот. Конкретно во вчерашната акција на мета биле нотарите, кабелските оператори и подвижните тезги.
Повреда на авторските права забележана е кај 2 од 3 кабелски оператори кои делуваат на територијата на општина Охрид, вели Костов. Додава дека за истите превземени се соодветни мерки согласно законот за заштита на интелектуална сопственост.
При вчерашната контрола на координативното тело за заштита на интелектуална сопственост, во објектот на единствениот кабелски оператор, кој е во основање да делува на подрачјето на општина Охрид, а каде не биле констатирани неправилности, Б-КАТВ , дошло до инцидент. Според официјални информации од извештајот на МВР, две непознати лица дошле со намера да влезат во објектот. Тие биле предупредени од страна на униформиран полициски службеник дека неможат да влезат затоа што се врши контрола од страна на инспекциски служби. Едно од лицата и  покрај предупредувањата на полицаецот дека ќе биде приведен во ПС Охрид, се оглушило на таквата наредба. Тој не само што одбил да се легитимира, туку му се нафрлил на полицаецот и почнал да го турка и да го трга со раце. Лицето е приведено. Според наши блиски извори приведеното лице е професор на меѓународен Универзитет во Струга.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top