Супер радио во акција – Стави потпис – спаси дрво

Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид  поставен e пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“.

 |   | 
lipi
lipi-seceni

lepiВо организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид  поставен e пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“.

Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани и за неа жолчно се дебатира. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот.

– Она што е основното барање на оваа граѓанска иницијатива, односно пред се молба до одговорните е да се престане со работите. Она што е направено е направено и никој тука не може ништо да направи.Да се поканат независни експерти кои ќе направат анализа, можеби јавна расправа, нека биде и медиумска каде и граѓаните ќе можат да го кажат својот глас. Доколку и таа независна анализа и јавна расправа покаже дека тоа е оправдано, тогаш нека се спроведува. Ние пред општина Охрид ќе започнеме со акција за собирање потписи за да се испита пулсот на народот, што тој всушност мисли за целата ситуација – вели главниот и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски, кој е и иницијатор на целата акција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top