Ознака: Мерко

Ramiz Merko

Економскиот развој на Струга е најважен

Post Views: 1 Општина Струга е една од општините подготвени да менаџираат со неизграденото државно земјиште, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Со Законот за менаџирање на државното земјиште на РМ, се задолжуваат сите општини за земјиште, за кое има чисти маркици и се донесени деталните урбанистички планови, да усвојат годишна програма за управување со градежно земјиште која за целото тоа земјиште ја носи Советот на општините. После одлуката на советот на општините таа, програма се доставува до Комитетот за управување со градежно неизградено земјиште. Овој комитет заседава во Министерството...

Continue reading

kontenjeri

Пуштени во употреба 402 контењери за селекција на тврд отпад

Post Views: 0 Советот на Југозападниот плански регион, солидно ја заокружи годинава. Значајни проекти се реализираа, а за наредната година во Бирото за развој и во Министерството за Локална самоуправа чекаат уште 10 големи проекти, се пофали претсдателот на ова тело Рамиз Мерко. Како добра реализација на еден важен проект, Мерко ги спомна новите садови за смет, кои според него се совршени за примарна селекција на отпад, а кои веќе се во рацете на ЈП на општините од југозападен регион. Покрај новите садови за одлагање на смет, општина Осломеј, кичевско, доби мерен уред за проверка...

Continue reading

pie voda

Водата во Струга и струшко е забранета за пиење

Post Views: 2 Забрана за пиење на водата од струшкиот водовод. Четридневното заматување на водата која тече од чешмите во домаќинствата на Струга и струшко, не е исправна. Тоа го покажаа анализите направени од лабараториите на Центарот за јавно здравје, кој се надлежни да го контролираат квалитетот на водата во Струга. Сашо Точко вели дека на струшката територија каде што Центарот има и своја подружница редовно се прават анализи и дека уште во средата било воочено заматување на водата во оваа општина.Инспекциските служби веднаш биле информирани и до нив биле испратени анализите од...

Continue reading

Ramiz Merko

Мерко дојде, кој ќе биде директор на МЈП „Проаква“?

Post Views: 3 Петок 09. декември ќе падне одлука за директорската позиција на МЈП „Проаква“. Дали градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, после работната посета во Америка, конечно го донесе клучот на досегашната тактизација на охридскиот градоначалник Александар Петрески, околу назначувањето на прв човек на МЈП „Проаква“, најверојатно ќе се знае за утре, барем според најавите на Мерко. Едно треба да е јасно како ден, мора да се избере добар човек кој ќе има своја програма за излез, односно за водење кон подобро на МЈП Проаква, вели Мерко. Но, тој не признава дека состојбата во претпријатието...

Continue reading

Sovet Struga

Буџетот на општина Струга за 2011 година ребалансиран

Post Views: 1 На денешната 33 -та седница на струшкиот совет го усвои ребаланс на буџетот. Според законската процедура до 15 ноември  општините мора пред советниците да ги стават на разгледување потербиет за ребаланс на буџетот  доколку има за тоа потреба да се произнесат. Градоначалникот Рамиз Мерко пред советниците ја истакна потребата од ребалансирање на  претходно проектираниот буџет. Мерко ги образложи сите ставки каде  што се очекувал поголем прилив но се потфрлило во очекувањата.Меѓу другото напомена дека поголеми расходи имало за потребите на противпожарната единица, а помалку...

Continue reading

struga

Денови на историјата

Post Views: 1 67 години слободна Струга. На 08.ми ноември 1944 година после дваесет дневна битка со фашистичкиот окупатор ослободена е Струга. Овој ден сеуште го памети стружанецот 88 годишниот Илија Балоски, кај кој сеуште не избледеле спомените за тој настан. Тој воедно е последниот жив сведок од списокот на 25 те стружани кои биле во составот на Првата македонска бригада. Баловче вели дека денеска е голем празник во Струга, кој се слави по 67 пат.На плоштадот во Струга, на споменикот на револуцијата, свежо цвеќе положија здруженијата кои имаат врска со настаните од НОБ, во присуство...

Continue reading

eko katastrofa

Во Велешта се заканува еколошка катастрофа

Post Views: 3 Сериозна а можеби и последна опомена пред еколошка катастрофа. Струшкото село Велешта веќе десет години ги трпи последиците од нерешениот проблем со секундарната канализација. Мештаните велат дека фекалии се излеваат насекаде, постојат отворени шахти кои се набезбедни и незаштитени, а посебно стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно се изложени на опасност од пропаѓање во нив. Првиот човек на селото Абдулкадри Шеи, вели дека години наназад, од надлежните бараат да се реши проблемот со канализациониот систем, но дека работата оди споро. Тој додава дека...

Continue reading

misleshevo

Уште една година по дупки, прашина и кал за жителите на Мислешево

Post Views: 2 Жителите на Мислешево со години и децении веќе се жалат на единствениот неасфалтиран пат кој води до оваа приградска населба. Решение барем засега нема. Во меѓувреме, жителите на Мислешево се снаоѓаат како што можат. Дупки од двете страни на патот, во летниот период прашина, а на есен кал и длабоки вирови со вода. Надежта за асфалтирање на овој пат се разгорува во предизборен период, но набргу потоа спласнува. „Исклучиво канализацијава е направена во последниве години, таа е преку донација преку општинава. Покривање со шљуњак на овој пат најмалку е потребно да се направи...

Continue reading

Ramiz Merko

Мерко пак претседател на Светот за развој на 13 општини

Post Views: 3 Продолжен манадатот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој и наредниве две години останува претседател на Советот за развој на Југозападен плански регион. Мерко рече дека тоа е резултат на добрата работа и покажани резултати за минатите две години. Додава дека годинава во раце ги држи средствата одобрени од Владата, за уште најмалку 6 проекти кои се од голема важност за развој на регионот и примена на Законот за рамноправен регионален развој. 100 000 илјади евра веќе се обезбедени за селектирање на отпад и набавка на садови за сите 13 општини, вели Мерко. Тој...

Continue reading

Proakva

Кочи работата во МЈП „Проаква“

Post Views: 1 МЈП „Проаква“години наназад никако да се спаси од бројните проблеми со кои се соочуваат двете општини, Охрид и Струга. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, најави дека до крај на неделата мора да оствари средба со охридскиот градоначалник и уште еднаш да разговараат за моменталната состојба на претпријатието, на кое според Мерко очигледно му треба спас. „Гледам дека во Охрид има некои проблеми, јас не ги знам сигурно дека градоначалникот и новиот директор тоа го знае. Но вака како што сме во едно претпријатие не можеме да постигнеме да ги решиме сите проблеми, бидејќи...

Continue reading

ucilishte Struga

Образовните институции во Струга пред колапс

Post Views: 0 Училиштата во Струга, се во лоша финансиска состојба и во голем долг. Образванието во Струга пред колапс. И покрај големиот долг со кој се соочуваат струшките образовни установи, средствата од буџетот на општината за нив се намалени. Овие податоци се според информациите со кои располага советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, кои на последната седница на Совет и јавно ги обелоденија. Одговорот кој Аврамоски го побара за некоја наредна седница на совет, го доби веднаш од градоначалникот на општината Рамиз Мерко. Мерко рече дека во основните училишта недостасувале средства...

Continue reading

plaza Struga

Туристичка сезона за мерак

Post Views: 37 Струга, според најавите на таткото на градот Рамиз Мерко, во овој период на годината солидно живее од туризмот. Градоначалникот рече, дека од година во година стекнуваат се поголемо искуство во оваа носечка дејност и со примена на добра пракса, резултатите се видни. Мерко истакна дека за тоа придонела и извонредната соработка со угостителските и туристичките работници кои понудиле добри цени, квалитено сместување и секако солидно мени. Тој додава дека направиле се во интерес на развој на туризмот и привлекување на гости. Во рамките на туристичкиот амбиент голема улога...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top