Ознака: Мерко

most na nina

Ќе никне нов „Мост на Нина“

Post Views: 1 Грдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов. Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година,...

Continue reading

donacija

Вредна донација за болница

Post Views: 9 Струшката болница доби донација од Америка. Се работи за медицинска опрема во вредност од околу 500.000 долари, донирана од американска хуманитарна организација. Првиот човек на струшката болница Ментор Ибраими вели дека донацијата е од големо значење за подобрување на квалитетот на услугата кон корисниците. Додава дека истата иако е употребена, добро е сочувана и пософицистирана од онаа со која во моментов располага установата. Грижата за здравјето на граѓаните на општина Струга ја чуствувам и како моја, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој додава дека...

Continue reading

Ако е забаено, да не е заборавено

Post Views: 3 АД „Илинден“ ќе ги асфалтира струшките улици. Како што ТВМ во неколку наврати информира, ударните дупки на неколку улици во Струга сеуште остануваат ноќна мора за возачите. Бројните искинати гуми и дефекти на возилата се препишуваа токму на овој проблем, а секако вината се посочува на Локалната. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, вели дека свесен е оти состојбата со локалната патна инфраструктура не е на завидно ниво, но оти нивната грижа е голема во таа насока. Мерко смета дека и државата треба да поводи сметка во делот на регионалните патишта, кои исто така се...

Continue reading

sostanok

Жив или мртов

Post Views: 9 Блиску, но сепак, далеку од вистината. На 06.ти мај 2001 година, претседателот на М.З. Радолишта, Султан Мемети, исчезна во близина на православните гробишта на патот Ќафасан – Струга. Од тогаш, па се до денес, нема никаков абер за него. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, рече дека 10 години во континуитет, барале можност да се пронајде Мемети, но по се изгледа, напорите и на локалната и на централната се недоволни. Мерко додава дека ќе преземат порадикални мерки. Секретарот на М.З. Вердат Колоња,  рече дека нема повеќе да молчат. Тие упатија забелешка...

Continue reading

Sorensen, Merko i Petreski

Евроамбасадорот Петер Соренсен, во работна посета на Струга

Post Views: 4 Денес, Петер Соренсен ја посети општина Струга. Тој оствари работна средба со градоначалниците на двете општини Охрид и Струга. Евроамбасадорот беше информиран за локалните проблеми на двата града, кои потекнуваат од лошата корелација со централната власт, вели Рамиз Мерко. Градоначалникот на Струга, исто така пред Соренсен, ги потенцира меѓуетничките односи, кои според него се на извонредно добро ниво. Мерко, го замоли евроамбасадорот да се заангажира и да помогне да се средат работите во образовниот процес во Струга, каде биле наталожени бројни проблеми. Александар...

Continue reading

Ramiz Merko

На струшката политичка сцена врие

Post Views: 1 Кој е крив? На струшката полтичка сцена се готви густа каша. Апетитите на политичките партии се се поголеми, наспроти релаксираниот однос на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Сите кажаа по нешто, но епилогот, останува енигма. Деновиве во Струга се актуелизира новонастанатата состојба на политичка сцена. Излегувањето од коалиција со Рамиз Мерко, но не и од ДУИ, струшкиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, го образложи кратко и јасно, проди несогласувањето со политиката на градоначалникот, кој работи за лични интереси а не и за Македонците. После тоа следуваа реакции и кај...

Continue reading

pres vmro-dpmne-struga

„Рамиз Мерко е производ на Бранко Црвенковски!“ велат струшките вмровци

Post Views: 0 Ова беше кажано во експресната реакција на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, а во врска вчерашните обвинувања од страна струшкиот огранок на СДСМ. „Нема никаков таен договор, ни скриени намери помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, вели Надица Николовска претседателканата на О.К НА ВМРО од Струга. Лицемерието е заштитен знак на СДСМ, додава таа. „Времето ќе покаже дека ваквата наша одлука и активностите кои во иднина ќе ги превземеме, ќе се само во интерес на граѓаните на Струга. НА последната седница на Советот на Општина Струга, покажавте дека вашата соработка со струшкиот градоначалник...

Continue reading

pres vmro-dpmne-struga

ВМРО-ДПМНЕ Струга контра градоначалникот Мерко

Post Views: 5 ВМРО-ДПМНЕ-Струга станува опозиција на градоначалникот Рамиз Мерко. Незадоволни од работењето на Струшкиот градоначалник, тие од денес преминуваат во негова лична опозиција, а не опозиција на неговата партија. Велат со ДУИ имале одлична и плодна соработка. Претседателката на општинскиот изборен штаб, Надица Николоска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ-Струга има сериозни сомнежи дека во својата работа, Мерко не се придржувал кон законите и не ги почитувал интересите на Стружани. „ВМРО-ДПМНЕ посебно изразува остро незадоволство од третманот кој Македонците во општина Струга го имаат...

Continue reading

Merko

Струга ќе добие назад атрактивни делови државно земјиште

Post Views: 29 Струга е чекор понапред од останатите општини во реализација на процесот за менаџирање со неизграденото државно земјиште, вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Со новиот Закон за градежно земјиште, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Струшкиот градоначалник вели дека моментално, интензивно работат на урбанизација на атрактивните локации кои треба да се вратат владение на Општина Струга. „Направив нешто повеќе од другите општини, за 5 години колку што се зборуваше дека ќе има закон за враќање на...

Continue reading

sportska sala

Пет нови спортски сали

Post Views: 26 Во пет струшки населени места ќе се градат спортски сали. Приоритет ќе се даде на изградба на спортска сала во струшкото село Лабуништа, каде што веќе првиот човек на општина Струга, градоначалникот Рамиз Мерко и претставници на фирмата изведувач „Гранит“ од Скопје, имаат направено надзор. Развојот на спортот е од огромно значење, смета градоначалникот Мерко. Тој додаде дека спортските терени ќе се прават во модерен стил каде ќе има за секој по нешто и за локалната и за централната а најмогу за мештаните. Мерко признава дека неколку спортски објекти се срам за градот...

Continue reading

merko

Струга не ја сочинуваат две улици

Post Views: 2 Струга не ја сочинуваат две улици. Ваков е ставот на гардоначалникот на Струга Рамиз Мерко, во врска проблемот со локалните патишта кои се максимално оштетени со ударни дупки. Мерко вели дека не го дели мислењето на јавноста дека тоа е така, бидејќи Локалната работела согласно зацртана годишна програма за афалтирање на улици, тампонирање, бекатон и осветлување. Градоначалникот додава дека секај ден се работи на санирање на улици во градот. Мерко не ја крие и планираната сума за оваа година наменета за локалните патишта. „Се вложувало и ќе се вложува на подобрување на...

Continue reading

most

Мостот на Нина до на лето готов или не ?!

Post Views: 6 „Мостот на Нина“, како што го нарекуваат стружани, или дрвениот мост во Струга, и покрај ветувањата на надлежните дека ќе го санираат, сеуште се наоѓа во незавидна состојба. И покрај предупредувачката табла за опасност од тука секојдневно поминуваат многу луѓе, свесно или не  превземајќи си го ризикот врз себе. Во врска со овој проблем првично како најповикан се почуствува првиот човек на ЈП „Комунално“ Струга, Петко Кутаноски. Тој пред камерата на ТВМ уште во месец јули минатата година вети оти до крај на 2010 стружани ќе добијат нов и безбеден мост. За крајно лошата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top