Ознака: Мерко

Рамиз Мерко кандидат за нов мандат во Струга

Post Views: 1 Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за нов мандат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври. Одлуката ја соопшти првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, за време на панел-дискусија организирана од Општина Струга по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите. На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври...

Continue reading

Антикорупциска Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Post Views: 4 Антикорупциската Комисија побара кривично гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, јави VOA – Глас на Америка на македонски јазик. Според истиот извор, предметот против Мерко го води Обвинителството за гонење на организиран криминал каде што има уште една постапка против него. извор: VOA – Глас на Америка фото: VOA – Глас на Америка

Continue reading

Мерко негира дека нелегално гради 5 викендици во Ливадиште

Post Views: 4 Алијанса на Албанците обвинува за изградба на пет викендички во авто кампот Ливадиште, во струшкото село Радожда. Од партијата тврдат дека објектите се градат од страна на градоначалникот на Струга и неговите блиски, на земјиште во сопственост на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).  -Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако ДУИ го објави своето ребрендирање во зелена партија. Ја повикувам јавно Владата на Северна Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба,а  инспекторатот и обвинителството да преземат мерки.-повика...

Continue reading

Мерко нема намера да урива дивоградби

Post Views: 5 Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко  нема да урива дивоградби. Забелешките на еколозите и препораките на Унеско не допираат до првиот човек на Струга. Тој најави дека во име на туристичкиот развој планира да  го уредува   и доградува   градот. Во однос на најавите на Антикорупциската комисија за  одземање на  ингеренциите на општините и барање од  државата да ги урива дивоградбите Мерко одговори: „Ние сакаме да градиме не да рушиме. Ние ќе им кажеме да доградиме не да рушат. А владата ќе регира како ние  ќе кажеме ние сме локална власт  што сме ние?. Не може некој со...

Continue reading

Мерко бара масовно тестирање во ризичните села

Post Views: 0 Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко бара масовно тестирање за корона вирусот.После големиот број на заболени , особено во селото Лабуништа, каде е најкритично,  апелот  е скриниг тестирање  на  жителите во ризичните села.Недоволни се тестовите кои се прават  во охридско струшкиот регион ,  дневно  од десет до петнаесет тестови на лица со епидемиолошки индикации. Заклучно до вчера шест лица починаа во овој регион, најголем дел од нив , дури пет се од селото Лабуништа. „Ги запревме да не извршуваат такси превоз, сите тие селски линии на транспорт на граѓани и сите такси...

Continue reading

Мерко: Во заштитената зона нема ниту една дивоградба

Post Views: 5 Градоначалникот Рамиз Мерко стои цврсто на тврдењето дека нема ниту една дивоградба во зашитениот појас на Охридското езеро во Струга. Струшката локална самоуправа го проби рокот за изработка на попис или регистар на бесправно изградени објекти, задолжение  кое го доби од Владата како дел од препораките на УНЕСКО. Од октомври, кога требаше да биде завршен инвентарот,  до денес нема информација во јавност дали истиот е изготвен и колкав е бројот на дивоградби.  Иако од  Министерството за транспорт и врски за ТВ Аласат потврдиле дека во Општина Струга има над 3000 дивоградби...

Continue reading

Струшките советници од Вмро и Алијансата бараат оставка од Мерко или одговорно вршење на функцијата

Post Views: 3 Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник, бега од одговорност и од проблемите кои сам ги создаде , вели Имет Имери советник од Алијансата за Албанците после писмото со кое Мерко се обрати до Владата.Ова доаѓа по информацијата дека струшкиот градоначалник се пожалил до владата дека бил мета на закани и притисоци па се саморазвласти од надлежностите во делот на урбанизмот. Односно, ги враќа ингеренциите од општината на централната власт. За ваквата постапка советникот Имери со порака до Мерко да си замине од функцијата или машки да ги реши проблемите до крај. „ Мислам дека...

Continue reading

Отчет за 100 дена од мандатот на Рамиз Мерко

Post Views: 5 Отчет на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за 100 те дена од работењето после Локалните избори. Мерко посочи дека затекнале општина со многу проблеми и долгови, но рече дека нивна обврска која ја ветиле пред граѓаните е да Струга да ја направат подобро место за живеење за сите граѓани подеднакво. „Во изминативе 100 дена превзедовме сериозни чекори со тоа што ја деполитизиравме администрацијата на општина Струга и истата им ја вративме на граѓаните да им служи како сервис, а не за своите лични потреби и интереси. Професионалната служба ја вративме на граѓаните и имаме...

Continue reading

Рамиз Мерко е новиот струшки градоначалник

Post Views: 0 Нов градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. По пребрјојувањето на гласачките ливчиња тој порача дека Струга гласала мултиетнички. Сите гласаа за подобриот, за Струга и иднината. При тоа Мерко ги отфрли обвинувањата од Зијадин Села неговиот политички противник на локалните избори. „ Ве уверувам дека се се шпекулации од страна на противникот. Кој губи има право да се лути , но ние го повикуваме да ни се приклучи како партија и поранешен градоначалник и советничката група на Алијансата да поработиме за едно подобро утре“, повика Мерко. Противкандидатот за градоначалник Зијадин...

Continue reading

Струга оди во втор круг со Села и Мерко

Post Views: 3 Општина Струга оди во вториот круг од Локалните избори 2017 год. Битката за градоначалничката фотелја ќе ја бијат кандидатот за градоначалник Зијадин Села од Алијансата на Албанците со освоени 9.289 гласови и Рамиз Мерко од ДУИ со освоени 7.916 гласови. Ова е според последните неофицијални податоци од Државната изборна комисија. Кандидатот на СДСМ Васил Ашталкоски има освоено 7.140 гласови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сејад Солакоски освои 4.149 гласови. Кандидатот на БЕСА Лавдрим Елмази ја доби довербата на 1.060 гласачи, а независниот кандидат за градоначалник Насто Палиоски...

Continue reading

DUI

Со Струга ќе раководи градоначалник од ДУИ, оптимисти се од партијата

Post Views: 3 Во јавноста кружат потенцијални имиња на кандидати за оваа функција. Од таму велат сеуште е рано за подготовки, во моментов се преокупирани со избор на челник на партијата. Струшкиот огранок на ДУИ ги интензивира подготовките за претстојните локални избори. Иако од таму велат дека сеуште е рано да се прецизираат активностите за реализирање  кои им се на приоритетната листа,  сепак во јавноста веќе кружат шпекулации кои би биле потенцијалните кандидати за градоначалник од оваа партија. Се шпекулира дека интерес за кандидат за градоначалник на општина Струга од редовите...

Continue reading

Гордана Јанкулоска на гости кај градоначалникот Рамиз Мерко

Post Views: 2 Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на средба кај градоначалникот Рамиз Мерко. По формирањето на новата влада ова е прв ваков состанок, на  релација градоначалник од редовите на Дуи и министер од Вмро Дпмне. Првиот човек на Струга на министерот, меѓу другото,  му ги укажа забелешките на функционирањето на  полициска служба во градот. „Укажавме за минатото дека немавме соработка со полицијата и дека имавме многу забелешки на нивното работење. Се надевам дека тоа е минато и дека во иднина ќе имаме добра соработка“-вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга. Министерот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top