Merko

Струга ќе добие назад атрактивни делови државно земјиште

zemjishteСтруга е чекор понапред од останатите општини во реализација на процесот за менаџирање со неизграденото државно земјиште, вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Со новиот Закон за градежно земјиште, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Струшкиот градоначалник вели дека моментално, интензивно работат на урбанизација на атрактивните локации кои треба да се вратат владение на Општина Струга.

„Направив нешто повеќе од другите општини, за 5 години колку што се зборуваше дека ќе има закон за враќање на градежно земјиште на ЛС, ние не урбанизиравме ништо, за да не може да се продаде, потенцира Мерко.

Што се однесува до парите кои ќе се соберат од продажба на земјиштето, соодносот на распределбата во почетокот беше 60% од сретствата да одат кај државата, а 40% кај општините за да со најновите измени на законот, 80 проценти од средствата да одат во буџетот на општините, а 20  во државната каса. Општините кои што ќе ги исполнат условите, од први јули годинава, ќе управуваат со неизграденото државно градежно земјиште.

„Со тоа се помиривме, го најдовме нашиот интерес и интензивно сега урбанизираме места. Такви места има и тоа е добро за нас“, вели струшкиот градоначалник.

Неизграденото државно земјиште од јуни годинава ќе им се враќа на општините. Процесот на менаџирање со земјиштето, ќе биде олеснат со изработка на посебен компјутерски софтвер, кој ќе биде дистрибуиран до први јули 2011 година. Од страна на министерството, ќе се формира работно тело, кое ќе врши обукa на општинската администрација. Општините нема лесно да го добијат управувањето со земјиштето. Најпрвин ќе мора да исполнат неколку услови: да имаат усвоено годишна програма за управување со градежно земјиште, да имаат минимален број  лиценцирани службеници, да имаат комисија и систем за електронско јавно наддавање. Цените за закуп или продажба на земјиштето ќе ги одредуваат самите општини, но ќе мора да бидат одобрени од Министерството за транспорт и врски.

{loadposition content9}

атрактивни, градежно, градоначалник, државно, земјиште, земјиштето, имаат, интензивно, кои, Мерко, места, неизграденото, одат, општини, општините, први, продажба, Струга, струшкиот, управувањето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top