Ознака: Мерко

Zijadin Sela

ДПА Струга со низа обвинувања за градоначалникот Мерко

Post Views: 3 Општинската ДПА од Струга со низа обвинувања за работењето на градоначалникот Рамиз Мерко. Наместо албанци во неколкуте јавни институции во Струга, се вработуваат само македонци. Најголемата вина за тоа ја сносат Градоначалникот Рамиз Мерко и пратеникот од ДУИ, Тахир Хани обвинија денес на прес конференција од Струшкиот огранок на Дпа. „Мерко кој е претседател на огранокот на Дуи во Струга и пратеникот Хани во четири очи договараат се што е на штета на албанците“, вели претседателот на  огранокот на ДПА, Зијадин Села. Тој го обвинува Струшкиот градоначалник дека во Струга...

Continue reading

Ramiz Merko

Интригантни прашања без одговори

Post Views: 0 И после повеќе од година дена работа, Советот на општина Струга работи во тензична и конфузна атмосфера. Бројните советнички прашања, предлози, заклучоци, остануваат без одговор. На 18 тата седница беше најавено дека јавно ќе се говори за безбедносната состојба во Струга, но од тоа, само изјави, без конкретен епилог. Советникот од ЛДП Сретен Бандоски рече дека во Струга, јавна тајна е оти на секој чекор се издаваат дозволи за работа на објекти кои не се безбедни. Тој додаде, доколку се продолжи со вакво темпо, безбедносната состојба во градот ќе биде до тој степен нарушена...

Continue reading

Radozda

Министерот Јакупи ќе се заложи за Радожда

Post Views: 0 Радождани по се изгледа ќе бидат приклучени на долго очекуваниот колекторски систем. Барем таков беше впечатокот од денешните изјави на првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко, и Министерот на ЖСПП Неџати Јакупи. Деновиве, како што е веќе познато, жителите на ова место го подигнаа својот глас кон надлежните. Тие јавно побараа нивниот децениски проблем да се реши и конечно да ги почуствуваат благодетите од приклучувањето кон колекторскиот систем, наместо да стравуваат од инфекции и зарази кои можат да ги добијат од загадената вода со фекалии. Јакупи рече дека проблемот...

Continue reading

Ramiz Merko

Се отвoра поле за работа

Post Views: 1 Дваесет и пет хектари земја наменети за индустриска зона во Струга. За ова земјиште уште во декември минатата година донесен е ДУП и истиот е усвоен. Се работи за земјиште кое се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Охрид – Ќефасан и за кое општина Струга издаде 40 маркици. Се чека само Министерството за транспорт и врски да распише тендер, вели првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко.Но, Мерко ветува и слободна економска зона која ќе опфаќа тројно повеќе хектари земја. Имено на тоа се работи повеќе од три години. Првичната локација јужно од коридор 8 не била...

Continue reading

Георгиески, Мерко и Џаколи во Поградец го одбележаа Денот на Охридското езеро

Post Views: 1 Планот за управување со Охридскиот регион, дивоградбите и еколошките проблеми беше една од темите на која тројцата градоначалници на општините Охрид, Струга и Поградец денес разговараа во рмамките на одбележувањето на Денот на Охридското езеро. На средбата, која годинава се одржа  во Поградец се разговараше и за тековната соработка, но и   заеднички туристички пакет „Две земји, три градови една турисстичка дестинација“. Според охридскиот градоначалник потребно е обединување на трите општини долж крајбрежјето  за доследно спроведување на Планот за зачувување на  статусот...

Continue reading

Zijadin Sela

ДПА со критики кон Мерко

Post Views: 8 „Помина една година од кога вие го реизбравте за градоначалник Рамиз Мерко. Многумина од вас можеби и очекуваа градоначалникот по повод едногодишнината од неговото реизбирање во градоначалничката фотеља, да излезе со извештај за неговата работа, но тоа за жал не се случи. А и за што да ви дава отчет?“ прашуваат од огранокот на ДПА од Струга. Првиот човек на оваа партија Зиадин Села, уште обвинува дека од инвестициите за албанските населени места , кои ги ветуваше градоначалникот нема ништо. Наместо да се инвестира онаму каде што е повеќе од неопходно, парите се трошат...

Continue reading

den na evropa

Европа на мостот во Струга

Post Views: 16 Штандовите на неколкуте земји членки на Европа, претставени од струшките училишта, одлично ги доловија спецификите на земјата која ја претставуваа. Високиот меѓународен претставник, Ерван Фуере, ги разгледа сите штандови на кои беа запазени традиционалните обележја на земјата која ја претставуваа и рече дека само вака Македонија е се поблиску на патот за влез во Европа. Фуере оптимист дека се ближи датумот за решавање на спорот со името и покрај вчерашните изјави на известувачот на ЕУ за Македонија, Зоран Талер дека до крај на шпанското претседателство тоа нема да се...

Continue reading

Riker i Merko

Рикер во Струга

Post Views: 4 Иднината на Македонија е во нејзината мултиетничка младина, која на полето на образованието има постигнато голем напредок. Ова е констатација на американскиот амбасадор Филип Рикер. Американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на Струга. Состојбата во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ беше причина за Рикер да го посети овој град. Тој потенцира дека видлив е напредокот во овие училишта во однос на соживотот и комуникацијата помеѓу учениците од различни етнички групации, а покажа и задоволство од тоа како се трошат средствата во висина од 200 000...

Continue reading

press Merko

Колекторскиот систем не е во функција

Post Views: 5 Ситуацијата со испуштањето на фекални води во езерото и реката Дрим повеќе од алармантна, истакна денес на прес конференција градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Мерко најави средба на градоначалниците на Охрид и Струга со Министерот за Транспорт и Врски на почетокот на идната недела. Иако сите релевантни институции на централно и локално ниво беа вклучени во справувањето со ситуацијата со временските непогоди и зголемениот водостој на Охридското езеро и реката Дрим, сепак струшкиот градоначалник не е задоволен од улогата на ЕЛЕМ во сето тоа. Трошоците кои моментално...

Continue reading

merko na teren

Деноноќна работа на терен

Post Views: 2 Струга од сите страни се штити од поплавите. Екипите на МЈП „Проаква“ 24 часа на терен. Повеќе критични точки се третираат деноноќно. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, сеуште e оптимист во своите изјави дека ќе се надмине состојбата со високиот водостој на Охридското езеро. Мерко истакна дека состојбата во Струга е под контрола. Тој додаде дека моментално најмногу се сконцентрирани на еден од најважните потези, а тоа е северниот канал на патната магистрала Струга – Ќафасан. Според него тој канал ги опфаќа водите на цела источна страна. Населбата каде...

Continue reading

Ramiz Merko

Струга „исплива“

Post Views: 3 Добро ја заокруживме минатата година, се фали струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Тој признава дека локалната администрација одреден период за време на изборите била запоставена но сепак резултатот се покажал како добар. Економската криза и изборите беа покарктеристични настани кои се рефлектираа врз работата на повеќето општини во републиката. Општина Струга по се изгледа добро исплива на површина и се справи со зацртаните работи предвидени во буџетот за 2009 год. Според сите сумирани работи од постигнатите резултати и сами сме изненадени изјави градоначалникот на...

Continue reading

Ramiz Merko

Кој беше подобар во 2009?

Post Views: 6 Петрески и Мерко реални пред настаните што ја одбележаа според нив 2009 год. Иако дијаметрално спротивни во ставовите, Петрески жали за тоа што Македонија сеуште не е во НАТО и ЕУ интеграциите, наспроти Мерко кој се фали за успехот што го постигнал на полето на соживот во Струга. Одговорно, спротивно и реално сумирано на само неколку часа од 2009 год. Најекспонираните и најбарани ликови кои ги носат главните ингеренции во општините во кои делуваат  секако дека се татковците на градовите. За Охридско –струшкиот регион секојдневно се пишува, се коментира, критикува, фали...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top