Георгиески, Мерко и Џаколи во Поградец го одбележаа Денот на Охридското езеро

Планот за управување со Охридскиот регион, дивоградбите, еколошките проблеми и туризмот беа главни теми на кои дискутираат челниците на Охрид, Струга и Поградец.

 |   | 


Планот за управување со Охридскиот регион, дивоградбите и еколошките проблеми беше една од темите на која тројцата градоначалници на општините Охрид, Струга и Поградец денес разговараа во рмамките на одбележувањето на Денот на Охридското езеро.

На средбата, која годинава се одржа  во Поградец се разговараше и за тековната соработка, но и   заеднички туристички пакет „Две земји, три градови една турисстичка дестинација“. Според охридскиот градоначалник потребно е обединување на трите општини долж крајбрежјето  за доследно спроведување на Планот за зачувување на  статусот на УНЕСКО. Таков план мора да има и од албанска страна.

„Планот за управување кој што ние го имаме во Р Северна Македонија , кој е донесен во февруари 2020 година ги дефинира начинот за спроведување на урбанистичките планови, висините и искористувањето на рпосторот и такво нешто ќе мора да се изработи и од албанска страна“,  рече Константин Георгиески, Градоначалник на Охрид.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, рече дека општината се залага за зачувување на статусот на Унеско,, но се пожали дека Струга  заостанува во однос на поддршката на инвестициите во туризмот од страна на државата.

„Струга со години се занемаруваше во однос на инвестициите во туристичкиот сектор, таа веќе се смени откако дојдов, но ни треба уште повеќе. Владата треба да му даде повеќе на регионот и во соработка со УНЕСКО да направи конкретни инвестиции кои се директно поврзани со локалната економија“., рече Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

Градоначалникот на Поградец истакна дека општините мора засилено да работат на полето на туризимот, особено на враќање на бродската линија Поградец- Охрид- Струга.

„Tреба да се фокусираме дека е во интерес на трите општини луѓето да се движат низ езерото , со активирање на бродската линија, бидејќи тоа било постојано барање на жителите на Поградец. Нема правна пречка, само бирократија што наскоро ќе се реши“. – вели Илир Џаколи градоначалник на Поградец.

Состанокот на тројцата  градоначалници по три години пауза, годинава беше инициран од страна на градоначалникот на Поградец.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top