Ознака: Мерко

Struga vo mrak

Струга во мрак

Post Views: 0 Внимавајте темница! Вака во последно време предупредуваат стружани незадоволни од уличното осветлувањ во градот. Се поголем e бројот на јавувања на мештаните на оваа општина до нашата редакција во врска со ова прашање. Градоначалникот Рамиз Мерко убедува дека тоа не е точно. „Не е вистина дека нема улично осветливање во Струга. Ние имаме специјални служби кои исклучиво се занимаваат со овој дел“, вели Мерко. Очигледно тој треба и во ноќните часови да прошета низ струшките улици, лично да се увери каква е реалната состојба на терен. Како дел од осветлувањето во градот...

Continue reading

DPA pres

Бизнисот и власта, идеал за Рамиз Мерко

Post Views: 5 Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, тешко се откажува од своите намери. Добро ни се познати сите негови делувања и чекори, и кој е неговиот начин за да ги спроведе поранешните одлуки. Овој пат тоа го направи преку неговите потчинети директори, измислувајќи наводна реконструкција на градскиот зелен пазар. Ова се само дел од обвинувањата на струшкиот огранок на ДПА. Секретарот на партијата Џемал Арслани рече дека тие за оваа одлука своевремено реагирале, но ќе реагираат и денес.„Одлуката на гласачката машинерија на ДУИ и НД од 29.06.2010 со која се предвидува и дозволува...

Continue reading

dzamija

Џамијата во Горна Белица, не може да се легализира

Post Views: 4 „Подобро да не ги отвараме картите. Религијата нека остане света и до крај да ја почитуваме. Во спротивно, можат сериозно да се затегнат конците на религиско поле“. Ова е пораката на градоначалнкот на Струга Рамиз Мерко, за предметот на дивоизградената џамија во Горна Белица. Но, ова е спротивно од она што беше кажано во неодамнешната изјава на Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој децидно кажа што се може да се легализира, а во тој дел воопшто не мислеше и на џамијата во Горна Белица.“Можам да ви кажам дека џамијата во Горна Белица нема да подлежи...

Continue reading

sneg

Внимателно по улиците, а посебно по тротоарите

Post Views: 9 Нов снег во Струга, голема неволја. Катастрофално лоша слика низ струшките улици. На тротоарите, низ снегот, направени се тесни патеки, кои не се доволни за да можат луѓето да се разминат. Не ретко пешаците наместо да одат по нив како побезбедни, приморани се да се движат по улиците на сред сообраќај. Надлежните, јаки само на збор.ТВМ вчера во информативниот блок го пренесе ставот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој изјави дека сите надлежни служби за одржување на патиштата во зима се на терен, но очигледно, реакцијата на граѓаните е оправдана. Дел од стружани...

Continue reading

pozar

ДПА на помош

Post Views: 1 Елементарните непогоди несериозно сватени од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Вакви обвинувања упатија денес од ДПА, по повод пожарот кој пред два дена се случи во струшкото село Калишта, во кој изгореа три куќи. Несериозноста на пристапот на службите кои се под капа на Локалната самоуправа уште еднаш се покажаа како недоветни вели Љуљзиме Зулали советник на ДПА. Таа додава дека ова е уште еден доказ со кој се потврдуваат тврдењата на ДПА во Струга, за хаосот кој го ствараат ДУИ и градоначалникот.„Вчера од граѓаните на Калишта слушнавме дека на противпожарната...

Continue reading

dzamija

Се чешла документацијата во општина Струга

Post Views: 5 Два дена инспектори од Министерството за транспорт и врски во Локалната самоуправа ги гледаат дел од објектите за кои има индиции дека се дивоградби. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека после одземените ингеренции на општинскиот градежен инспекторат за предметот Г. Белица, тој и понатаму стои до неговата изјава дека нема да прими инспектори за предметот Г. Белица бидејќи тоа според него било незаконски. Мерко рече; „Истото го тврдам и понатаму, значи за предметот Г. Белица го подразбирам како завршен предмет бидејќи за истиот негде пред 30 дена има жалба...

Continue reading

Struga

Јавно наддавање за градежни парцели во Струга

Post Views: 11 Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно надавање за отуѓување 18 парцели државно градежно неизградено земјиште на подрачјето на општина Струга, со намена за изградба на трговски комплески. За локацијата со вкупна површина од 2.000 метри квадратни, Советот на општина Струга неодамна донесе Детален урбанистички план. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко очекува јавното надавање да заврши успешно, со оглед на големиот интерес за 18-те парцели  кои ќе бидат предмет на јавно наддавање. Според Мерко, на локациите кои се предмет на јавно надавање...

Continue reading

Мерко : Од Струга направивме урбан и модерен град

Post Views: 0 Во овој четиригодишен мандат се што ветивме исполнивме. Реализиравме околу 100- тина проекти, рече градоначалникот Мерко претставувајќи ја изборната програма пред стружани. Уредивме многу сообраќајници, изградивме пешачки патеки, го осветливме Црн Дрим, двата влезови во градот се уредени со нов лик како што доликува на една туристичка метропола, рече кандидатот за градоначалник на Струга Рамиз Мерко. За следните четири години Мерко ветува бројни проекти за поквалитетен живот на стружани. Имам чест и задоволство да ги откријам големите успеси што ги постигнавме досега....

Continue reading

holagjanki

Обиколка на охридското крајбрежје, пешки

Post Views: 2 Хуманитарната организација „Помош на Македонија“, од Холандија денес отпочна обиколка на охридското крајбрежје, пешки. Тие тргнаа од Радожда утрово во 8 часот. Кон холанѓаните се приклучија и добар дел од радождани не само со придружба до Струга, туку и хуманитарно, со парични средства. Со нив на првата цел до Струга, пешачеше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и холандската амбасадорка Симеоне Филипини. Мерко рече дека го поздравува проектот на македонските и холандските граѓани и со задоволство се приклучил и тој. Додава, дека моментално е во добра кондиција и...

Continue reading

Политичката сцена во Струга се размрда од корен

Post Views: 1 Дали Рамиз Мерко се зачлени во ВМРО – ДПМНЕ? – прашуваат од струшкиот огранок на ДПА. Само ако е така, може да му се прости на Мерко за тоа што деновиве се погласно се коментира, дека од пред три недели, на општина Струга и биле одземени надлежностите од градежниот инспекторат, а за тоа, од таму, никој јавно не зборува, обвинуваат од ДПА. Тајните средби во „четри очи“, се само доказ за реализација на партиски поставените цели на двата коалициони блока, вели секретарот на ДПА од Струга Џемал Арслани. „Јавно го прашуваме г. Мерко во какво својство беше посетата...

Continue reading

Struga

Преамбициозен буџет

Post Views: 3 „Домашниот есап не излегува на пазар“. Денешната 19-та по ред седница на струшкиот Совет се одвиваше во насока како во старата добра поговорка. Песимистичките предвидувања на дел од советниците, дека буџетот на општина Струга за 2010 е преамбициозен, сега излегуваат на видело, со прикажување на реалната состојба на кварталниот извештај. Љуљзиме Зулали од ДПА рече дека од авион се препознавААТ надуените цифри на буџетот. Таа рече дека сега имаме состојба на повеќе потрошен, отколку развиен буџет. Со слично размислување, настапи и Стретен Бандоски од ЛДП. Тој кажа реализацијата...

Continue reading

Ramiz Merko

Протуѓер ќе лобира за Струга

Post Views: 5 Шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски деновиве во посета на Струга. Главна цел на посетата на Мартин Протуѓер беше средба со градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како и состанок со ОК на струшкиот огранок на ВМРО –  ДПМНЕ. Градоначалникот Мерко средбата ја оцени како мошне значајна за градот, бидејќи се разговарало на многу теми кои се од заеднички интерес, како на локално, така и на централно ниво, а вооедно се отворила можност за соработка плус, која се состои во финансиска поддршка на проекти потпомогнати од централната власт. Мерко верува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top