Јавно наддавање за градежни парцели во Струга

Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно надавање за отуѓување 18 парцели државно градежно неизградено земјиште на подрачјето на општина Струга, со намена за изградба на трговски комплески.

 |   | 
Struga
Струга

За локацијата со вкупна површина од 2.000 метри квадратни, Советот на општина Струга неодамна донесе Детален урбанистички план.

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко очекува јавното надавање да заврши успешно, со оглед на големиот интерес за 18-те парцели  кои ќе бидат предмет на јавно наддавање.

Според Мерко, на локациите кои се предмет на јавно надавање ќе се градат бензинска пумпа и неколку стопански капацитети. Неизграденото градежно земјиште се наоѓа на левата страна од патот Струга -Ќафасан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top