Водата во Струга и струшко е забранета за пиење

Стружани внимавајте! Водата во Струга и струшко е забранета за пиење. Таа е заматена и тоа пет пати повеќе од дозволеното. Телевизија ТВМ, прва информираше за состојбата и побара одговор за тоа од надлежните, кои убедуваа дека се е во ред.

 |  Билјана Николоска  | 
pie voda
pie voda

Saso Tocko-BromologЗабрана за пиење на водата од струшкиот водовод. Четридневното заматување на водата која тече од чешмите во домаќинствата на Струга и струшко, не е исправна. Тоа го покажаа анализите направени од лабараториите на Центарот за јавно здравје, кој се надлежни да го контролираат квалитетот на водата во Струга. Сашо Точко вели дека на струшката територија каде што Центарот има и своја подружница редовно се прават анализи и дека уште во средата било воочено заматување на водата во оваа општина.
Инспекциските служби веднаш биле информирани и до нив биле испратени анализите од страна на Центарот за јавно здравје, вели Точко. Тој дополни дека струшките служби на Центарот, контактирале со службите на Проаква, од каде им било кажано на што се должи заматувањето на водата, она што пред два дена градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и на нас како медиум ни го кажа. Дека поради наглото надоаѓање на вода во Беличките извори се случило заматувањето. Но сепак требало веднаш да се реагира, вели Точко.
Телевизија ТВМ уште во средата 07 декември, ја информира јавноста за состојбата со заматувањето на водата во Струга и струшко. Изјавата на градоначалникот Рамиз Мерко влеваше сигурност дека нема место за паника и дека состојбата со водата ја држат под контрола.
Експертите од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека треба многу да се води сметка и да се обрне посебно внимание, бидејќи сепак се работи за прехрамбен производ, за вода која ја конзумира голем број од населението.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top