Туристичка сезона за мерак

Во Струга, туристичко – хотелските капацитети максимално пополнети. Со добра координација на неколку чинители во туризмот направивме бенефит за сите, се фали градоначалникот на општината, Рамиз Мерко.

 |  Билјана Николоска  | 
plaza Struga
плажа Струга

plaza StrugaСтруга, според најавите на таткото на градот Рамиз Мерко, во овој период на годината солидно живее од туризмот. Градоначалникот рече, дека од година во година стекнуваат се поголемо искуство во оваа носечка дејност и со примена на добра пракса, резултатите се видни. Мерко истакна дека за тоа придонела и извонредната соработка со угостителските и туристичките работници кои понудиле добри цени, квалитено сместување и секако солидно мени. Тој додава дека направиле се во интерес на развој на туризмот и привлекување на гости.

Во рамките на туристичкиот амбиент голема улога одиграло и уредувањето на крајбрежието. Мерко рече дека во тој поглед не е се како подмачкано и оти свесно се прогледува низ прсти во интерес на туризмот. Но според него давањето под концесија на дел од плажите е досега најразумна работа што воопшто е направена.

Ramiz MerkoМерко вели дека добар дел на хотелиерите се фалеле оти се задоволни од досегашниот тек на сезоната во поглед не само на странски туку и на домашни гости. Тој е убеден дека сезоната почнала рано и со подобрувањето на времето и високите температури очекуваат уште подобри резултати. Мерко трие раце и поради неговите сограѓани кои се на работа во странство, а во овој период гдоаѓаат во своето родно место каде поради разни поводи парите ги оставаат тука. Мерко категоричен дека постоечките капацитети максимално се исполнети како резултат на добрата координираност на сите чинители на туризмот.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top