Денови на историјата

На денешен ден пред 67 години, од фашистичкиот окупатор, ослободена е Струга. Општината тоа го одбележа со низа свечености. За значението на овој ден зборуваше Илија Балоски, кој е единствен жив сведок, учесник во 20 дневната битка за слободна Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
struga
struga

struga67 години слободна Струга. На 08.ми ноември 1944 година после дваесет дневна битка со фашистичкиот окупатор ослободена е Струга. Овој ден сеуште го памети стружанецот 88 годишниот Илија Балоски, кај кој сеуште не избледеле спомените за тој настан. Тој воедно е последниот жив сведок од списокот на 25 те стружани кои биле во составот на Првата македонска бригада. Баловче вели дека денеска е голем празник во Струга, кој се слави по 67 пат.
strugaНа плоштадот во Струга, на споменикот на револуцијата, свежо цвеќе положија здруженијата кои имаат врска со настаните од НОБ, во присуство на истакнати личности од јавниот и општествениот живот на градот. Букет цвеќе положи и делегација на Локланата предводена од градоначалникот Рамиз Мерко. Мерко истакна дека денешниот ден е од голема важност за градот и нивното присуство е со цел да се даде почит и на загинатите но и на живите борци од НОБ, а воедно со тоа и да се продлабочи соживотот на општина Струга.
Мерко рече дека денешниот ден ќе биде дополнет со презентација на многу проекти кои општина Струга ги има реализирано во последно време, како што е изградба на локални патишта кои поврзуваат рурални средини, патишта кои се направени во урбаната средина, водоводи и канализации. Во чест на денот свежо цвеќе беше положено и на спомен бистите на борците од НОБ, кои се наоѓаат на двете страни на реката Црн Дрим.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top