Кочи работата во МЈП „Проаква“

Новиот В.Д. директор на МЈП „Проаква“, не му е по ќеиф на градоначалникот на Струга. Мерко смета дека треба да се приспита работењето на генералниот директор на МЈП, бидејќи според него, од досегашното негово делување, наместо наталожените проблеми да се решаваат стануваат побројни и покомплицирани.

 |  Билјана Николоска  | 
Proakva
Проаква

МЈП „Проаква“години наназад никако да се спаси од бројните проблеми со кои се соочуваат двете општини, Охрид и Струга. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, најави дека до крај на неделата мора да оствари средба со охридскиот градоначалник и уште еднаш да разговараат за моменталната состојба на претпријатието, на кое според Мерко очигледно му треба спас.

„Гледам дека во Охрид има некои проблеми, јас не ги знам сигурно дека градоначалникот и новиот директор тоа го знае. Но вака како што сме во едно претпријатие не можеме да постигнеме да ги решиме сите проблеми, бидејќи ако некаде во една единица кочат работите, се кочи работата на целото претпријатие“, рече Мерко.

Мерко рече дека досега одлично се разбираат и договараат со охридскиот градоначалник и за позитивните и за негативните работи. Додаде, дека сега треба да се обрне посебно внимание бидејќи односот на новиот В.Д. посебно кон струшката единица загрижува.

Ramiz Merko„Сегашниот В.Д директор кое е генерален, г- динот Игор, по професија колку што знам економиста, несакам да ги кажувам сега неговите вредности, позитивни  или негативни,  но ќе треба да се дискутира неговата работа бидејќи нема добра соработка со единицата во Струга и незнам дали досега е дојден да ја посети единицата“, изјави Мерко..

Во врска ваквите најави на градоначалникот на Струга, Мерко, од општина Охрид со умерени коментари. Ставот на градоначалникот е дека, ќе ги почитуваат сите договори што се направени помеѓу нив досега и ќе се спроведува се што е последователно согласно тие договори.

Мерко смета дека за да се спаси претпријатието, неопходна е реорганизација не само во администрацијата и вработените туку и во системите. Тој рече дека имаат потреба од многу поголеми инвестиции кои денес не се во можност да се направат, поради ваквиот начин на работа и немањето на средства. Мерко исто така потенцира дека без инфузија од Европа, проблемите со водоснабдителниот систем нема да можат да се решат подолг временски период.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top