Економскиот развој на Струга е најважен

Општина Струга подготвена да менаџира со неизграденото државно земјиште.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ramiz Merko
Ramiz Merko

Општина Струга е една од општините подготвени да менаџираат со неизграденото државно земјиште, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Со Законот за менаџирање на државното земјиште на РМ, се задолжуваат сите општини за земјиште, за кое има чисти маркици и се донесени деталните урбанистички планови, да усвојат годишна програма за управување со градежно земјиште која за целото тоа земјиште ја носи Советот на општините. После одлуката на советот на општините таа, програма се доставува до Комитетот за управување со градежно неизградено земјиште. Овој комитет заседава во Министерството за транспорт и врски, а во него членуваат и тројца градончалници, Рамиз Мерко, Александар Петрески и Марјан Ристески. Значи сите општини полека ги прават програмите и ги доставуваат до комитетот и Владата дозволува менаџирање со земјиштето, објаснува Мерко.
„Но една беше заблуда кај сите општини, програмите се носат годишно и важат една календарска година. Значи за сите тие маркици кои се решени се доставува извештај до комитетот а за сите други до наредната година се доставува до Комитетот односно до Советот, па до комитетот и така се работи секоја година“, потенцира тој.
zemjisteИсто така речиси 90% од општините го исполнуваат условот за обучување на лиценцирани службеници што е многу важно.Така секоја општина според нејзината големината располага со најмалку 2-ца до најмногу 6 мина членови кои треба да завршат семинар, услов на чије исполнување речиси сите општини интензивно работат. Економскиот бенефит за граѓаните на Струга и развојот на градот воопшто, е многу поважен од средствата кои ќе се слеат во оштинската каса од менаџирањето со ова земјиште, објаснува Градоначалникот Мерко.
„И ние имаме доста државно земјиште од кое дел е урбанизирано, дел сигурно ќе се урбанизира во 2012 година сигурно. Мислам дека не се проблем средствата кои се интерес за општините, колку што отвараме можности за граѓаните да градат, да вложуваат, не значи тоа ќе вложуваат само во трговија, туку и во производство и во други области што навистина е од интерес и за граѓаните и за градот“, додава тој.
Струшкиот градоначалник додава дека продолжува урбанизација на атрактивните локации кои треба да се вратат во владение на Општина Струга. Што се однесува до парите кои ќе се соберат од продажба на земјиштето, соодносот на распределбата со најновите измени на законот, e 80 проценти од средствата да одат во буџетот на општините, а 20  во државната каса.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top