Ознака: Мерко

Мерко: Ауди не е луксуз

Post Views: 1 Општина Струга е една од општините која е презадолжена и години наназад функционира со потешкотии. Долгот изнесува 262 203 073 ден. Владата на РМ неодамна донесе Закон за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа со кој 51% од долгот на секоја општина доспеан заклучно со септември минатата година ќе им биде покриен. Но, додека останатите општини мака мачат како да се справат со долговите и стегаат ремен, задолженоста на општина Стуга многу не го загрижува градоначалникот Рамиз Мерко. Неодамна општината купи службено возило марка Ауди за кое од буџетот...

Continue reading

Рамиз Мерко избран за претседател на новиот состав на Југозападниот плански регион

Post Views: 6 На првата конститутивна седница на Советот за развој на југозападниот плански регион, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко беше избран за претседател на новиот состав. Центарот на југозападен плански регион опфаќа 9 општини и за следната година се планирани околу 126 милиони денари за подобрување на условите на сите овие општини. Мерко нагласи дека очекува континуитет во регионалниот развој и поголема поддршка во реализацијата на проектите. Прво на агендата ќе биде воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони. За таа цел се одржа средба...

Continue reading

urbanaop

Иста програма, исти проблеми

Post Views: 2 Поставувањето на урбаната опрема, хроничен проблем во Струга. Изминативе 4 години во оваа сфера владее хаос во вистинска смисла на зборот, реагираат од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Години наназад укажуваме на пропустите кои се прават од страна на Локалната самоуправа, од каде не убедуваа дека имаат капацитет да се справат со проблемот, дававме наши забелешки, но досега не се најде начин проблемот да се реши, вели Јулијана Зуноска, советничката на ВМРО – ДПМНЕ. Таа додава дека програмата за поставување на урбана опрема за 2013, е копија на онаа од минатата година,...

Continue reading

most

Дрвениот мост во Струга чека подобри времиња

Post Views: 1 Струга градот на мостовите, сеуште чека изградба на нов премин. Само темел од метална конструкција на двата кеја од реката Црн Дрим, останаа како неми сведоци за мостот кој постоеше тука. Жителите на Струга, потсетуваат дека на местото каде пред година и пол беше демонтиран дрвениот пешачки мост, од памтивек постоел премин и сметаат дека тоа така треба да остане. Тие исто така велат дека мостот е само уште една жртва на не грижата на градските власти како во минатото така и денес. Стружани очигледно како да ја изгубиле надежта дека ќе се изгради нов бетонски мост со...

Continue reading

svetilka

Згасна уличното осветлување во Струга

Post Views: 27 Неколку улици во Струга деновиве останаа без улично осветлување. Не станува збор само за улиците каде сеуште се врши замена на старото улично осветлување со ново, туку темно е и на влезот од градот и на неколку фрекфентни улици, каде веќе се поставени новите штедливи светилки. Првиот човек на градот Рамиз Мерко, признава дека постои проблем, но исто така вети дека за кратко време истиот ќе биде надминат. „Тоа не е по вина на приватниот партнер туку да речеме во наводници кажано вината е во општината бидејќи на неколку места треба да се отстранат старите бандери и да...

Continue reading

postojki

Нови постојки во Струга

Post Views: 2 Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. „Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко. Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000 евра,...

Continue reading

sednica Struga

Усвоен буџетот за 2013 во Струга

Post Views: 69 Општина Струга во 2013 година на располагање ќе има околу 12 милиони евра. Толку е тежок струшкиот буџетот. Истиот, на денешната редовна 47 ма по ред седница на Советот на Струга, беше усвоен експресно, без поголема дебата. Повеќето од струшките советници се изјаснаа позитивно по предлог буџетот, бидејќи сметаат дека истиот е реален. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека годинава одлучиле да бидат поскромни во проектирањето на буџетот, бидејќи според него, домашниот есап кој го планирале од продажба на неизградено градежно земјиште не излегол на пазар. „Намаливме...

Continue reading

mladinski centar Struga

Младинскиот центар од Струга од денес под општинска капа

Post Views: 0 По две и пол години активно функционирање под капата на УНИЦЕФ и Цивилниот мировен сервис од Германија, Младинскиот центар од Струга, од денес доби самостојност. Барем до 2015 година, за работењето на центарот ќе се грижи општина Струга. Младинскиот центар, во изминативе две и пол години работеше на унапредување на меѓуетничките односи во мултиетничка Струга. „Јас сум многу благодарен што градоначалникот Мерко се согласи да ги покрива трошоците на Центарот до 2015 година. Тоа е многу важно, тоа е одговорност на сите лидери, да направат се што можат за заедниците да се...

Continue reading

Мерко: За два месеци ќе се реши проблемот со дивата депонија во Струга

Post Views: 5 Новата локална власт во Струга за брзо време ќе го реши најгорливиот проблем на оваа општина. Дивата депонија која минатово лето беше потпалувана, а чадот ги труеше стружани па и гостите кои решиле во овој туристички центар да го поминат својот одмор, до на лето ќе биде исчистена, а просторот ќе биде среден. Ова е приоритет на новиот градоначалник Рамиз Мерко. За два месеци ќе има решение на овој проблем. Од буџетот на општината се предвидени 200 000 евра за подигнување на сметот од депонијата и транспортирање во единствената легална депонија во државава, Дрисла. Веќе...

Continue reading

Merko sednica

Струшките советници го подржаа ребалансот на буџетот

Post Views: 3 Струшките советници со низа забелешки во врска со ребалнасот на буџетот за 2012. Но и покрај тоа советниците го поддржаа. На Денешната 45 та по ред седница на струшкиот совет се направи математика на приходната и расходната страна на годинешниот буџет за третиот квартал. До крај на годинава остануваат нереализирани 900 000 евра, забележува советничката од редовите на ДУИ Љуљзиме Зулали, која воедно и прашува како ќе дојде до нивна реализација, од продавањето на неизграденото земјиште во индустриската зона. Оваа не е единствена забелешка на Зулали. „Исто така суштинска...

Continue reading

proakva

Се продава дел од локацијата на МЈП ПРОАКВА-Струга

Post Views: 9 Се продава дел од локацијата на МЈП „Проаква“. Старата зграда на ул. „Кеј 8 ми Ноември“, бб Струга веќе е на тендер, информира првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко. Тој додава дека постапката е согласно програмата на Локалната за 2012 та година, која е помината на совет и веќе има заинтересиран, бизнисмен од струшкото село Радолишта. Градоначалникот Мерко не го откри името на компанијата, но ја потенцира според него важноста од продавањето на објектот. „Ние мислиме дека тоа е позитивно за Локалната самоуправа, бидејќи тоа место треба да се изгради. Со продажба...

Continue reading

skolo

Ќе има ли огрев за струшките ученици?

Post Views: 4 Струшкото образование се дави во големи долгови. Според информациите до кои дојде ТВМ, а ги потврдија од Локалната самоуправа, неисплатените наменски дотции за греење и транспорт од Министерството за образование, уште од 2009 та година, допринесува за да се влоши и онака незавидната состојба во која се наоѓа струшкото образование. „1.200 000 илјади евра е моменталниот долг, со кој Локалната во Струга не може да се справи. Проблемот е посебно изразен во основните училишта“, вели раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини. Тој сериозно е загрижен дека овој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top