Ќе има ли огрев за струшките ученици?

Гориво од државните резерви за престојната грејната сезона во струшките училишта. Само тоа може да ја амортизира лошата состојба и огромните долгови со кои се соочува општина Струга, во делот на образованието, информира првиот човек на градот Рамиз Мерко.

 |  Николоска Биљана  | 
skolo
школо

Струшкото образование се дави во големи долгови. Според информациите до кои дојде ТВМ, а ги потврдија од Локалната самоуправа, неисплатените наменски дотции за греење и транспорт од Министерството за образование, уште од 2009 та година, допринесува за да се влоши и онака незавидната состојба во која се наоѓа струшкото образование.

merko„1.200 000 илјади евра е моменталниот долг, со кој Локалната во Струга не може да се справи. Проблемот е посебно изразен во основните училишта“, вели раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини. Тој сериозно е загрижен дека овој проблем може да ја загрози наставата, па дури да дојде и до прекин на истата.

Повеќе од година и пол редовно го информираме Министерството за образование и ЗЕЛС, дека уште од 2009 та година имаме финансиски проблем со греењето и транспортот на ученици, во сите основни средни училишта па и градинките, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој додава дека досега го користеле авторитетот како општина некако да обезбедат огрев и транспорт, но дека време било да да се обештетат луѓето кои им ги дале тие услуги. Па затоа за годинава побарале гориво од државните резерви.

„Министерот зеде обврска дека ќе разговара сигурно на Влада, но од друга страна ние и како партија ДУИ, пред два месеци во претседателство разговаравме, сите градоначалници на ДУИ, ги искажавме нашите потреби за овој проблем. Министерот за Локална Самоуправа побара извештај истиот е испратен и е влезен во Владина процедрта каде се разговара за плаќање односно снабдување со гориво за 2012-2013 година“-изјави Мерко.

skoloМерко тврди дека нема да дојде до прекин на школската година, бидејќи овие денови ќе има снабдување со горива и исплатување на компаниите за транспорт за учениците. За проблемот околу големиот долг на општина Струга за греење и тренспорт на ученици, беше запознат и ресорниот министер Панче Кралев. При неодамнешната негова посета на Охрид го прашавме за овој проблем. Тој одговори дека се работи на надминување на истиот.

„Самата комуникација која општина Струга ја води со ЗЕЛС, ЗЕЛС  ја пренесе до Министерството за Образование и Наука и Владата и веќе работиме на конкретни чекори како можеме да помогнеме на општините нема да дојде до застој нити во греењето нити во функционирањето на училиштата, тоа не го дозволивме нити на почетокот на учебната година нема да дозволиме ни сега“-рече Кралев

На голема врата чука зимата. Според смирувачките тонови од надлежните проблемот со долгот и греењето треба да се надмине, но дали тоа навистина ќе се случи, први ќе почувствуваат учениците кога ќе застуди.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top