Ознака: македонската

ruska crkva

МПЦ, СПЦ, РПЦ …

Post Views: 1 Македонската православна црква нема да го одбие руското посредување за спорот со Српската православна црква, но таквата понуда Руската православна црква се уште не испратила официјално во Скопје, изјави македонскиот митрополит Тимотеј, пренесува српски Курир. Тој, на изјавата на митрополитот на Руската православна црква Иларија Алфејава, дека неговата црква може да посредува за конечен крај на расколот меѓу Српската и Македонската црква, изјви дека предлогот на Русите е добар, но дека е скептичен оти српската страна сака договор. Според него, отвореното прашање поврзано...

Continue reading

филхармонија

Македонска филхармонија со три премиери

Post Views: 0 Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт под водство на познатиот гостин диригент од Велика Британија Тимоти Редмонд. На програмата се три премиерни изведби – Концертот за пијано и оркестар бр. 4 г-мол од Сергеј Рахмањинов во изведба на  истакнатиот шведски пијанист Роланд Понтинен, свитата од операта „Итра мала лисица“ од Леош Јаначек и композицијата „Руски погреб“ за лимени дувачи и удиралки од Бенџамин Бритн. На програмата ќе биде изведено уште едно дело на Рахмањинов, „Остров на мртвите“ оп. 29. Напишано е како инспирација од истоимената...

Continue reading

Одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 0 Денот на револуционерната борба 23 Октомври општина Охрид го одбележа на свечен начин. Од името на ЛС пред пристутните во големата сала во општинската зграда, се обрати претседателката на општинскиот Совет Гордана Коњаноска. Горди сме и со крената глава, но и одговорни пред подвизите и жртвите на нашите предци за слобода на Македонија, свесни дека овој ден е, бил и ќе биде  засекогаш врежен во колективната меморија на нашиот народ, рече пред гостите Коњаноска. Претседателката  потсети на значјаните исторсики датуми, настани  и личности од трнливата борба за слободна...

Continue reading

borba

Општина Охрид го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 0 Со пригодна свеченост која ќе се одржи денес општина Охрид ќе се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба. На случувањето ќе се обрати претставник од локалната самоуправа, а ќе се одржи и културно – уметничка програма. Настанот е закажан за 12 часот во големата сала на општината. Се покануваат сите охриѓани да го проследат овој свечен настан.

Continue reading

logo

Македонската полиција наградена за успешно сузбивање компјутерски криминал

Post Views: 5 Акцијата на МВР Македонија и Србија која ја разбија криминалната група, во која биле и 10 лица од Република Македонија,  на почетокот од 2013 година, набавиле и бесправно користеле телекомуникациски уреди за терминација на телефонски повици. Уредите преку интернет мрежата ги поврзале со мрежата на странски мобилни оператори  преку  SIM картички и остварувале интернационален сообраќај по цена од локален телефонски сообраќај. Со тоа, извршиле директна финансиска загуба на оштетените мобилни оператори, стекнувајќи се само од мобилните оператори во Република Македонија со...

Continue reading

Miladinovci

Свечена академија во чест на раѓањето на Димитар Миладинов

Post Views: 47 Синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ одржана свечената Академија по повод јубилејот, 200 години од раѓањето на Димитар Миладинов. На неа претседателот на МАНУ академик Георги Старделов, се осврна на значењето и белегот кој браќата Димитар и Константин Миладинови го оставиле врз македонското духовно и културно творештво. Директорот на НУ „д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски, истакна дека за прв пат се прославуваат двеста години од еден наш преродбеник, национален деец и личност која ја пали искрата на националната преродба во средината на 19-от век. Министерката...

Continue reading

Braka Miladinovci

Струга бележи голем јубилеј

Post Views: 0 Јубилеј кој е чест да се доживее. Од денес во Струга отпочна одбележувањето на двеста годишнината од раѓањето на најголемиот македонски преродбеник Димитар Миладинов. Првиот човек на НУ „Др. Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски, во присуство на  ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, положи свежо цвеќе пред споменикот на Браќата Миладиновци во близина на истоимената спомен куќа. Тој ја потенцира големата важност на браќата Миладиновци, нивниот животен пат и дело. Историчарот Петар Аврамоски цели 10 години го водел спомен домот на браќата Миладиновци, кој се наоѓа во централното...

Continue reading

23-okt

Oдбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 0 Свечено одбележан 23 –октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски...

Continue reading

riba

Реформи во спортскиот риболов

Post Views: 2 Последните резултати на македонската риболовна репрезентација на светското првенство во Англија, се показател дека под итно треба да се преземат сериозни чекори на полето на овој спорт. Во конкуренција од 19 земји во светот, репрезентацијата на Македонија беше последна. Претседателот на СРК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески кажа на што се должи тоа- немањето финансиски средства да се пратат вистинските луѓе. Македонската репрезентација, на светското првенство во лов на крап, ја претставуваа Јованоски Оливер и Горѓиески Коле, од Охрид. Тие уловија еден крап од...

Continue reading

Borci Struga

Струга го одбележа националниот празник, Денот на востанието

Post Views: 2 На денешен ден пред 69 години, на 11 Октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово со првите партизански истрели на македонскиот народ и народностите се дигна сенародното востание против фашистичкиот окупатор. Тоа беше  пресвртница во македонската историја, од искра прерасна во оган, од кој бликна верба во успехот на вооруженото востание за социјална и национална слобода истакна од Струга, претседателот на Сојузот на борци, Ајредин Мемеди.Покрај потсетувањето за овој значаен датум од македонската историја, неколку делагации од општествениот и политичкиот живот на Струга...

Continue reading

Kaliopi

5 земји од поранешна СФРЈ во втора полуфинална вечер на Евросонг

Post Views: 8 Македонската поп-дива Калиопи, како наш претставник на Евросонг 2012, со песната Црно и бело ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 24-ти мај. Тоа беше одлучено со ждребка во градот Баку, каде годинава се одржува Изборот за песна на Евровизија! Но, она што претставува посебен куриозитет е фактот дека пет држави настанати по распадот на СФРЈ – Македонија, Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина ќе настапат заедно во втората полуфинална вечер, на 24-ти мај! На првата полуфинална вечер, два дена порано, од екс-ЈУ просторите ќе настапи Црна Гора, која...

Continue reading

Ivanov

Претседателот Иванов во кошаркарска еуфорија

Post Views: 0 Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вчера ја прослави победата на македонските кошаркари во натпреварот со Литванија.Покрај македонскиот Претседател, голем дел од државниот врв славеше на плоштадот „Македонија“ заедно со илјадници граѓани кои спонтано вчера вечерта се собраа да ја прослават историската победа на Македонија и влезот на македонската кошаркарска репрезентација во полуфиналето на Евробаскетот. Премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски беа само дел од политичарите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top