Реформи во спортскиот риболов

Најбројните спортисти на ниво на Македонија, рибарите, со најслаби резултати во светот. Нашите рибари на првенството во Англија го освоија 19 загарантирано последно место во лов на крап.

 |  Билјана Николовска  | 
riba
риба

Последните резултати на македонската риболовна репрезентација на светското првенство во Англија, се показател дека под итно треба да се преземат сериозни чекори на полето на овој спорт. Во конкуренција од 19 земји во светот, репрезентацијата на Македонија беше последна. Претседателот на СРК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески кажа на што се должи тоа- немањето финансиски средства да се пратат вистинските луѓе.

Македонската репрезентација, на светското првенство во лов на крап, ја претставуваа Јованоски Оливер и Горѓиески Коле, од Охрид. Тие уловија еден крап од 2кгр и 800 гр за време од 72 часа, на потегот на три езера одалечени на 140 км. од Лондон, Англија. Јованоски, на кого ова му е четврто по ред светско првенство во лов на крап, негова омилена дисциплина, рече дека постои рибарска тајна, која тие ја откриле на крај од првенството. За нив не бил познат системот за ловење на јадица на дно Зиг – Риг кој се применувал во Англија. Јованоски рече дека светскиот првак Јужна Африка и неколку други репрезентации престојувале еден месец на подготовки во Оксфорд, па затоа добро го совладале англискиот систем на лов на крап. Сепак, Јованоски е оптимист и вели дека секое искуство е допринос плус. Тој во брифинг разговорот ни ја откри и тајната заради нивниот пораз, односно, храната со помош на која се ловел крапот. Имено, англиските крапови јаделе само специфична храна, а македонската не ја ни помирисале. Јованоски вели дека риболовот е скап спорт и сумата од 2000 евра која ја потрошил за светското првенство од сопствен џеб, ја оправдува неговиот ентузијазам кон риболовот. Тој рече дека во Македонија постојат квалитетни рибари кои опстојуваат со минимални средства од државата, а локалната била сосема без интерес и слух за рибарството во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top