Свечена академија во чест на раѓањето на Димитар Миладинов

Синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ одржана свечената Академија по повод јубилејот, 200 години од раѓањето на Димитар Миладинов.

 |  Крсте Голабовски  | 
Miladinovci
Миладиновци

izlozbaСиноќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ одржана свечената Академија по повод јубилејот, 200 години од раѓањето на Димитар Миладинов.

На неа претседателот на МАНУ академик Георги Старделов, се осврна на значењето и белегот кој браќата Димитар и Константин Миладинови го оставиле врз македонското духовно и културно творештво. Директорот на НУ „д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски, истакна дека за прв пат се прославуваат двеста години од еден наш преродбеник, национален деец и личност која ја пали искрата на националната преродба во средината на 19-от век.

Министерката за Култура на РМ, Елизабета Канческа Милевска пак, потенцира дека значењето на Димитар Миладинов за македонската национална културна историја и традиција, несомнено е капитално. Таа додаде дека станува збор за деец и преродбеник, кој на македонската духовна култура и даде централно место, и пред европската јавност ги подвлече посебностите на Макеоднскиот народ.

AkademijaНа присутните им се обрати и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, и кажа дека дека преводите на библиските текстови и молитви од грчки јазик на струшки, кои Миладинов ги направил, претставуваат врв на совршенството правејќи го виртуоз со висока интелектуална моќ, а неговите дела огледала на живиот народен збор.

Во чест на овој голем македоснки културен деец, беше отворена и изложба на 170 слики, факсимили, преписки, и оргинални документи. Изготвена е и нова и прошитрена поставка за браќата Миладиновци која следната година ќе биде изложена во повеќе градови низ Македонија, збогатена со издавање на модерна монографија која ќе биде испечатена во поголем тираж преку која ќе се презентира историската улога и значењето на Димитар Миладинов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top