Одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Општина Охрид го одбележа Денот на револуционерната борба. Денот засекогаш ќе остане во колективна  меморија на нашиот народ, рече претседателката на Советот Гордана Коњаноска. Таа потсети на значајните историски моменти од македонската историја, револуционерите и жртвите вткаени во слободата на Македонија, но и на денешните битки и заложби за подобар живот на граѓаните.

 |  Валентина Неловска  | 

Денот на револуционерната борба 23 Октомври општина Охрид го одбележа на свечен начин. Од името на ЛС пред пристутните во големата сала во општинската зграда, се обрати претседателката на општинскиот Совет Гордана Коњаноска. Горди сме и со крената глава, но и одговорни пред подвизите и жртвите на нашите предци за слобода на Македонија, свесни дека овој ден е, бил и ќе биде  засекогаш врежен во колективната меморија на нашиот народ, рече пред гостите Коњаноска. Претседателката  потсети на значјаните исторсики датуми, настани  и личности од трнливата борба за слободна и самостојна Македонија.

„Верни на нивното дело упатуваме порака дека ние како генерација ќе ја чуваме тешко спечалената слобода и независност и суверениетет на РМ. Во тој дух ќе ги воспитуваме и нашите деца“, истакна при тоа Коњаноска.

Епопејата на Македонската револуционерна борба од формирањето на внатрешната македонската револуционерна борба, Илинденското востание, Народноослободителната и антифашистичка борба и Асном, прогласувањето на суверена независна Република Македонија во 1991, е инспирација за генерациите што ја граделе и ја градат Македонија, истакна во своето обраќање  Кањаноска. Укажа и на  денешните битки и заложби на ЛС за подобар живот на граѓаните.

„Несомнено е вистина дека секоја генерација ја води својата битка, секој води  битка во рамките на својот личен живот. ЛС  на општина Охрид е длабоко свесна дека е одговорна да извојува победи на битките кои и се нејизна задача воовој период . Истите ги води преку низа активности кои маат зацртна цел да го подобрат животот на граѓаните во сите негови аспекти“- истакна Коњаноска.  
 
Во свечениот чин на одбележување на Денот на независнат борба зедоа учество пејачот  Боби Мојсоски и актерот Павел Маслов, хорот, оркестарот и рецитатори од  гимназијата Св Климент Охридски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top