5 земји од поранешна СФРЈ во втора полуфинална вечер на Евросонг

Македонската поп-дива Калиопи, како наш претставник на Евросонг 2012, со песната Црно и бело ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 24-ти мај.

 |   | 
Kaliopi
kaliopi

KaliopiМакедонската поп-дива Калиопи, како наш претставник на Евросонг 2012, со песната Црно и бело ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 24-ти мај.

Тоа беше одлучено со ждребка во градот Баку, каде годинава се одржува Изборот за песна на Евровизија!

Но, она што претставува посебен куриозитет е фактот дека пет држави настанати по распадот на СФРЈ – Македонија, Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина ќе настапат заедно во втората полуфинална вечер, на 24-ти мај!

На првата полуфинална вечер, два дена порано, од екс-ЈУ просторите ќе настапи Црна Гора, која ќе ја претставува Рамбо Амадеус.

Освен Калиопи за Македонија и Рамбо за Црна Гора, познати се и другите регионални учесници. Србија ќе ја претставува Жељко Јоксимовиќ, Хрватска – Нина Бадриќ, Босна и Херцеговина – Маја Сар, додека претставникот на Словенија ќе биде познат на 26-ти февруари…

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top