Мак музика

„Time“ ново ремек дело на Николче Мицевски

По фантастичниот прв сингл “Круг” нашиот композитор Николче Мицевски го промовираше и својот втор сингл насловен „Тиме“ кој е дел од неговиот албум “NEW ERA”. 
 |  SuperAdmin35  | 
Николче Мицевски

По фантастичниот прв сингл “Круг” нашиот композитор Николче Мицевски го промовираше и својот втор  сингл насловен „Тиме“ кој е дел од неговиот албум “NEW ERA”.

Како специјален гостин на овој проект учествува нашиот добро познат гитарист Дамјан Пејчиноски, а видеото го изработи познатиот Даниел Јовески.  

„Time“ е инструментална композиција во синематик/етно/рок/симфони правец, или популарно во World music правец, со призвук на филмска музика. Сублимација на моето цело досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број на слушатели, музика која може да се слуша секаде во светот а притоа да е претпознатливо дека се темели врз дихот на македонската музика. Среќен сум што соработував со Дамјан Пејчиноски, гитарист од светска класа кој со својата изведба даде една друга димензија на мојата музика. Даниел Јовески повторно направи едно ремек видео со кое автентично и перфектно ја илустрираше мојата музика – истакна Мицевски.

Погледнете го видеото и уживајте.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top