Ознака: македонската

donacija

„Пелистерка“ донира медицински апарати во вредност од 1 милион денари

Post Views: 4 Македонската компанија „Пелистерка” денеска ја врачи донацијата од медицински апарати во вредност од околу еден милион денари наменета за три клиники во земјава. Претпријатието одлучи да помогне во работата на Универзитетска болница КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” во Битола и Клиничка болница во Тетово. Станува збор за современи мобилни медицински апарати кои се специјално дизајнирани за следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега. Тие функционираат...

Continue reading

pehar

Охрид ја доби првата карате репрезентативка

Post Views: 2 Везира Тотиќ, со освоеното прво место во категоријата до 53 килограми на Државното Првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, обезбеди место во Македонската карате репрезентација. Везира воедно беше и едниствениот женски претставник од Охрид до 21 година на ова државно првенство. Убедливиот настап и максималната доминација во борбите на ова првенство и го обезбедија и местото во репрезентацијата. Таа признава дека патот до место во репрезентацијата бил многу тежок. „На државното првенство имав три борби и се паслирав во финале, каде требаше да освојам максимум...

Continue reading

logo

Македонија и Охрид во мартовското издание на американскиот „Forbes“

Post Views: 1 Во мартовското издание во специјална едиција посветена на нашата земја американскиот магазин „Форбс“ пишува за македонската традиција, култура и историски вредности, а земјата ја споредува со познатиот бисер од Охрид, објавува порталот „Економски Лидер“. „Според најновиот извештај на Светската банка за најновите глобалните економски перпективи објавен во јануари 2014 година македонската економија ќе порасне за 3 % оваа година и ќе ги надмине соседните земји Албанија, Бугарија , Грција и Србија. Во исто време Банката на својот извештај Дуинг Бизнис за 2013 ја рангираше...

Continue reading

himna

Наголемо ќе се слави јубилејот за македонската химна

Post Views: 0 ОО на СДСМ од Струга побара пратениците на власта во македонскиот парламент да им кажат на нивните сограѓани каде и кога се одбележа големиот јубилеј 70 години од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Исто така тие обвинуваат, дека посебно во Струга, се помалку се придава важност на одбележување на празници кои се од исклучително национално значење. Струшките социјалдемократи велат дека години наназад од ВМРО – ДПМНЕ не најдоа време да дојдат на прославувањето на барем еден празник поврзан со НОБ и Револуцијата како и тоа дека за прв пат се појавија во 2010...

Continue reading

precek rakometari

Струга приреди спектакуларен дочек на своите ракометни херои

Post Views: 0 Запалени факели, развиорени знамиња и затворени улици. Претесен беше просторот пред струшкото Пливалиште да ги собере илјадниците граѓани кои дојдоа да ги поздрават своите ракометни херои. Воодушевени од пречекот на своите сограѓани, ракометарите со став дека регионот е расадник на таленти, но дека на развојот на спортот мора уште многу да се работи. Успехот на Европското првенство не е случаен, потребно е вложување на многу труд и многу одрекувања. Но, успесите на Македонската ракометна репрезентација нема тука да застанат, ветија од бината ракометарите. Серијата...

Continue reading

Промоција на руско македонската поштенска марка во Охрид

Post Views: 0   Од Охрид, лулката на христијанството, од градот на словенската писменост и култура, денес беше промовирана поштенската марка посветена на знаменитостите на Охрид и Санкт Петербург. Денес во куќата на Уранија беше промовирано изданието на Руската пошта од заедничкиот проект за издавање на руско македонска марка, додека пак пред две недели во Скопје беше промовирано македонското издание. Пријателската соработка со Руската федерација посебно на полето на проширување на туристичката понуда на градот, продолжува, истакна првиот човекна градот Никола Бакрачески „Овој чин...

Continue reading

braka Miladinovci

Смртта на Миладиновци и после 150 год, мистерија

Post Views: 8 Во предворјето на Спомен домот на Браќата Миладиновци, денес во Струга, беше одбележан еден од најзначајните јубилеи на оваа општина, 150 годишнината од смртта на браќата Миладиновци. Разме Кумбароски од Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, вели дека 18 јануари 1862 лето господово, е денот кој во македонската историја оставил голем белег, бидејќи во Истанбул згасна животот на големиот македонски лирски поет Константин Миладинов. Додава дека, истата зла судбина, после 4 дена го снашла и неговиот брат, големиот преродбеник Димитар Миладинов. Кумбароски потенцира...

Continue reading

logo

Петнаесет години МИА

Post Views: 0 На 30 септември 1998 година, Македонската информативна агенција (МИА), започна со редовна продукција. „Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ е насловот на првата вест што МИА ја емитуваше. МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година. Ангажира педесеттина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство.Агенцијата дневно продуцира од 300 до 350 вести на македонски, англиски и албански јазик, но освен вестите продуцира и специјални...

Continue reading

Risto vrtev

Враќање на „Архангел“

Post Views: 12 На 26 октомври во Спортскиот центар “Борис Трајковски” овој македонски состав повторно ќе докаже дека македонски подобро звучи. Македонските Архангел и песните кои едно време ги пееше цела Југославија, на 26 октомври во Борис Трајковски на сцена ќе застанат со Македонската филхармонија. Предвидено е да има повеќе од 60 луѓе на сцената. Архангел е македонска рок група основана во февруари 1989 година. Основачот на овој денес легендарен рок состав е Ристо Вртев. Во својата дискографија, потпишуваат 4 албуми благодарение на кои и денес се сметаат за една од најдобрите...

Continue reading

Охрид го одбележа 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Post Views: 7   Со пригодна свеченост, Општина Охрид се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Пред присутните денес во големата општинска сала се обрати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Во вакви пригоди, кога ги чествуваме херојствата и слободарските идеали на нашите претци, инспирирани сме и чувствуваме обврска како генарација да продолжиме по нивниот пат и да ја чуваме слободна, суверена и независна Република Македонија, истакна Бакрачески. „Нашата отвореност, природно се надоврзува на благородната идеја на Европската унија,...

Continue reading

spark

Македонската полиција ќе вози и „Шевролет спарк“

Post Views: 1 На електронската аукција во МВР, најниска цена понуди Авто Македонија, со што го доби тендерот за набавка на 100 нови возила за полицијата. За време на аукцијата, од Авто Македонија ја снижија претходно понудената цена до 45.350.800 денари. На оваа цена не успеаја да и парираат тројцата останати понудувачи, Автонова со „Цитроен Ц1Х“, Еуроимпекс со „Пежо 107“ и Порше Македонија со „Шкода Сити Гоу“.Понудите се движат од 46.906.700 денари до 65.800.000 денари, а во цената, е внесена влегуваат освен возилото, и четири резервни гуми, уред за звучна и светлосна сигнализација,...

Continue reading

Johan Tarculoski

Тарчулоски се враќа во Македонија

Post Views: 11 Откако одлежа две третини од 12-годишната затворска казна, Јохан Тaрчуловски денеска се враќа во Македонија, а во негова чест на плоштадot „Македонија“ попладне ќе биде организирана прослава на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.Планирано е Тарчуловски да оствари и средба со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа спроти Собранието.Тој на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се очекува да го пречека голема маса на луѓе организирано донесени со околу 50 автобуси на Здружението на граѓани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top