Охрид ја доби првата карате репрезентативка

Везира Тотиќ, со освоеното прво место во категоријата до 53 килограми на Државното Првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, обезбеди место во Македонската карате репрезентација.

 |  Крсте Голабовски  | 
pehar
пехар

Coleski i ToticВезира Тотиќ, со освоеното прво место во категоријата до 53 килограми на Државното Првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, обезбеди место во Македонската карате репрезентација.

Везира воедно беше и едниствениот женски претставник од Охрид до 21 година на ова државно првенство. Убедливиот настап и максималната доминација во борбите на ова првенство и го обезбедија и местото во репрезентацијата. Таа признава дека патот до место во репрезентацијата бил многу тежок.

„На државното првенство имав три борби и се паслирав во финале, каде требаше да освојам максимум за да влезам во репрезентацијата. Во силна конкуренција и после три победи во финалето успеав да победам со максимални 9-1“, вели Везира.

Пред Тотиќ нов предизвик. Сега таа интензивно ќе се посвети на подговотвките за претстојното Европоско првенство кое на самиот почеток од идната година ќе се одржи во Србија. Помошникот селектор на Македонската карате репрезентација и претседател на К.К „Чоле“, дејан Чолески, информира дека на Државното првенство учествувале со 5 натпреварувачи и успеале во конкуренција од 54 клубови да го освојат седмото место, како и да освојат место во репрезентацијата.

pehar

„Изборот за во репрезентација, карате федерацијата го донесе по Бергеров систем, каде победникот не смее да има изгубена борба.“, потенцира Чолески.

Тој додава дека продолжуваат тренинзите со Везира, која сега ќе биде фокусирана на учеството на претстојоното Европско првенство. Исто така Чолески потенцира дека ќе продолжат со настапите на Државните турнири, како и на меѓународните турнири во Љубљана и Лесковац. Станува збор за турнири од кои може да се научи, вели Чолески. Тој додава дека станува збор за многу убав спорт, но за кој да се дојде до резултати е потребно многу труд и одрекувања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top