Тарчулоски се враќа во Македонија

Откако одлежа две третини од 12-годишната затворска казна, Јохан Тaрчуловски денеска се враќа во Македонија, а во негова чест на плоштадot „Македонија“ попладне ќе биде организирана прослава на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада

Johan Tarculoski
Јохан Тарчулоски

Откако одлежа две третини од 12-годишната затворска казна, Јохан Тaрчуловски денеска се враќа во Македонија, а во негова чест на плоштадot „Македонија“ попладне ќе биде организирана прослава на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.
Планирано е Тарчуловски да оствари и средба со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа спроти Собранието.
Тој на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се очекува да го пречека голема маса на луѓе организирано донесени со околу 50 автобуси на Здружението на граѓани за поддршка на Јохан, кои бесплатно ќе сообраќаат до аеродромот, а потоа и до плоштад. Покрај ова, обезбедени се и 200 автобуси за граѓаните од внатрешноста.

Johan TarculoskiОд утринава по улиците низ Центар можат да се видат нови графити кои се однесуваат на доаѓањето на Тарчуловски. На фасадите од зградите по булеварот „Св. Климент Охридски“ може да се прочита натпис „Хероите живеат вечно. Тарчуловски Јохан“.

Јохан издржа осум години во затвор откаку му беше пресудена 12-годишна затворска казна за злосторства во скопското село Љуботен за време на конфликтот од 2011 година. Шест години од казната ја одлежа во Шевенинген, а пред две години беше префрлен во Диз, Германија.

Вчера, кога излезе од затворот, Јохан го пречека неговата сопруга Соња, блиските пријатели и иселеници, македонската амбасадорка во Германија, Корнелија Утевска – Глигоровска и амбасадорот во Холандија, Никола Димитров.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top