Струга приреди спектакуларен дочек на своите ракометни херои

Запалени факели, развиорени знамиња и затворени улици. Претесен беше просторот пред струшкото Пливалиште да ги собере илјадниците граѓани кои дојдоа да ги поздрават своите ракометни херои.

 |  Крсте Голабовски  | 
precek rakometari
пречек на ракометарите

precek rakometariЗапалени факели, развиорени знамиња и затворени улици. Претесен беше просторот пред струшкото Пливалиште да ги собере илјадниците граѓани кои дојдоа да ги поздрават своите ракометни херои.

Воодушевени од пречекот на своите сограѓани, ракометарите со став дека регионот е расадник на таленти, но дека на развојот на спортот мора уште многу да се работи.

precek rakometariУспехот на Европското првенство не е случаен, потребно е вложување на многу труд и многу одрекувања. Но, успесите на Македонската ракометна репрезентација нема тука да застанат, ветија од бината ракометарите.

precek rakometariСеријата спортски успеси, се доказ дека во нашата земја спортски таленти има. Граѓаните со иста мисла. На спортот треба да му се посветува многу повеќе внимание. Тоа е еден од начините за формирање на здрава младина.
Пречекот на струшките ракометари беше во организација на ракометниот турнир „Струга 2012“.

На свеченоста на ракометните репрезентативци им беа доделени признанија од страна на организациониот одбор. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација ги награди со седумдневен бесплатен одмор во Охрид, заедно со нивните сопруги.

precek rakometariА, денес Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ги одликува македонските ракометари со „Медал за заслуги за Македонија“. Медалите се за афирмација на Република Македонија во светот со постигнатите врвни резултати во ракометот на меѓународен план и за исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во нашата земја.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top