Струга бележи голем јубилеј

За прв пат во современата македонска историја, ретка можност е да се присуствува на одбележувањето на двестагодишнината од раѓањето на Димитар Миладинов. Ова е став на еминентните историчари на општина Струга.

 |  Билјана Николовска  | 
Braka Miladinovci
Браќа Миладиновци

Braka MiladinovciЈубилеј кој е чест да се доживее. Од денес во Струга отпочна одбележувањето на двеста годишнината од раѓањето на најголемиот македонски преродбеник Димитар Миладинов. Првиот човек на НУ „Др. Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски, во присуство на  ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, положи свежо цвеќе пред споменикот на Браќата Миладиновци во близина на истоимената спомен куќа. Тој ја потенцира големата важност на браќата Миладиновци, нивниот животен пат и дело.

Историчарот Петар Аврамоски цели 10 години го водел спомен домот на браќата Миладиновци, кој се наоѓа во централното градско подрачје на Струга. Тој со нескриени страсти за ТВМ изјави дека напорно работел на и за Миладиновци и досега има оставено 11 научни трудови и 4 публикации. Аврамоски има подготвено и три парцијални тематски изложби посветени на Миладиновци, а она што вечерва ќе го понуди на стружани и бројните посетители е сублимат на сето тоа.

Животниот пат на браќата Миладиновци е најважниот настан за Македонија во 19 век, потенцира Аврамоски. Константин Миладинов, првиот син на грнчарот Ристе и Султана Миладиновци, не тргнал по стапките на своите родители, туку станал основоположник и двигател на македонската национална преродба, додава историчарот Аврамоски.

Вечерва во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци“, во Струга ќе се одржи свечена академија по повод големиот јубилеј 200 гоодини од раѓањето на Димитар Миладинов, на која ќе присуствува и Министерката за култура, а свое излагање за делото на Миладиновци ќе има и Академик Ѓорги Старделов. Директорот Цветкоски најави дека свој настап ќе има и македонската филхармонија. Стружани вечерва ќе имаат неповторлива и историски важна можност да го проследат животниот пат и дело на браќата Миладиновци претставен низ уметнички дела, фотографии, текстови, документи, карти и сл, со фактографиран и документиран материјал.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top