Македонска филхармонија со три премиери

Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт под водство на познатиот гостин диригент од Велика Британија Тимоти Редмонд.

филхармонија
filharmonija

Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт под водство на познатиот гостин диригент од Велика Британија Тимоти Редмонд.

На програмата се три премиерни изведби – Концертот за пијано и оркестар бр. 4 г-мол од Сергеј Рахмањинов во изведба на  истакнатиот шведски пијанист Роланд Понтинен, свитата од операта „Итра мала лисица“ од Леош Јаначек и композицијата „Руски погреб“ за лимени дувачи и удиралки од Бенџамин Бритн.

филхармонијаНа програмата ќе биде изведено уште едно дело на Рахмањинов, „Остров на мртвите“ оп. 29. Напишано е како инспирација од истоимената слика на швајцарскиот уметник Арнолд Боклин, која оставила силен впечаток кај композиторот.
Шведскиот пијанист Роланд Понтинен кој ќе настапи вечер е познат на меѓународната сцена, со кариера и како солист и како камерен музичар, изведувајќи различни дела од класичниот репертоар.
Настапувал со најдобрите оркестри во Европа, САД, Кореа, Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд и соработувал со диригенти како Мјунг-Вун Чунг, Нееме Јарви, Пааво Јарви, Еса-Пека Салонен, Јука-Пека Сарасте, Евгениј Светланов, Давид Цинман и многу други.

Особено се значајни неговите настапи со филхармониите во  Париз и Лондон, Филхармонијата на Лос Анџелес во Холивуд, Шкотскиот камерен оркестар во Глазгов и Единбург како и настапите на БиБиСи промс во Лондон со концертите за пијано и оркестар на Григ и Лигети.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top